Вкупно 6.579 избирачи го оствариле правото на глас до 15 часот на вториот круг од предвремените локални избори во Општина Брвеница.
-
Македонија 01.11.2026 16:54
-
Македонија 01.11.2026 16:34
30-дневен притвор за четворицата осомничени за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров
Скопскиот Кривичен суд им одреди 30-дневен притвор на четворицата осомничени за двете убиства во Хром и во Ѓорче Петров. На осомничените претходно два пати им беше одредуван краткотраен, 48-часовен притвор.
-
Македонија 01.11.2026 14:05
Избори во Брвеница: Излезноста до 13 часот е 27,81 отсто
Според пресекот на Државната изборна комисија во 13 часот, на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница гласале 4.518 избирачи, односно 27,81 отсто од вкупниот број запишани гласачи.
-
Македонија 01.11.2026 12:52
Охрид доби дигитален туристички водич
Охрид доби нов дигитален туристички водич кој овозможува полесно истражување на старото градско јадро. Со скенирање QR-код, посетителите добиваат пристап до интерактивна мапа со десет значајни знаменитости, на пет јазици.
-
Македонија 01.11.2026 10:49
Пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички во Аеродром, има повреден и приведен
Синоќа пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром, тепачка меѓу навивачите на кошаркарските клубови МЗТ Скопје и Работнички. Инцидентот го потврди и полицијата.
-
Македонија 01.11.2026 10:12
Народниот правобранител ќе прима пријави за повреда на избирачкото право
Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово денес ќе биде отворена, а граѓаните ќе може да пријавуваат евентуални повреди на избирачкото право.
-
Македонија 01.11.2026 09:37
Во Брвеница се гласа во вториот круг за избор на градоначалник
Во десет населени места во Општина Брвеница денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалник. Гласањето почна во 7 часот, а избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот.
-
Македонија 01.11.2026 09:24
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 01.11.2026 09:00
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
-
Македонија 31.10.2026 18:28
Вештачката интелигенција носи придобивки, но и сериозни ризици – потребна е регулација
Во последните години се засилија сериозните инциденти поврзани со вештачката интелигенција. Расте бројот на хакерски напади, меѓу најголемите се врз државните системи во Мексико и сајбер-инцидентите во Канада.










