Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.
-
Македонија 02.11.2026 12:14
-
Македонија 02.11.2026 09:47
Сиљановска-Давкова ѝ ја честиташе победата на Јотова на претседателските избори во Бугарија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ѝ ја честиташе победата на Илијана Јотова на претседателските избори во Бугарија. Во честитката објавена на социјалната мрежа „Х“, таа изрази уверување дека Бугарија за време на мандатот на Јотова ќе има конструктивна улога во регионот и во Европа.
-
Македонија 02.11.2026 08:43
Седници на две собраниски комисии
Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост. Предлогот е во второ читање.
-
Македонија 02.11.2026 08:15
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 02.11.2026 08:04
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
-
Македонија 01.11.2026 22:26
Јахиј е нов градоначалник на Брвеница
Кандидатот на Национална алијанса за интеграција Аркин Јахиј на вториот круг од изборите за градоначалник во Брвеница освоил 4.442 гласа, додека кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радичевски освоил 4.177 гласови, објави Државната изборна комисија на прес-конференција.
-
Македонија 01.11.2026 19:12
Избори во Брвеница: До 18:30 часот гласале 52,9 отсто од избирачите
На вториот круг од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 18:30 часот гласале 8.595 граѓани, односно 52,9 отсто од запишаните избирачи, информира Државната изборна комисија.
-
Македонија 01.11.2026 18:46
СДСМ бара истрага за Алта банка, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за ширење хистерија
Итна реакција од институциите и одговорност за сите инволвирани во процесите поврзани со Алта банка побараа од СДСМ.
-
Македонија 01.11.2026 17:43
Пронајдени марихуана и кокаин на повеќе локации, приведени пет лица
Марихуана, кокаин и прашкасти материи биле пронајдени и одземени на повеќе локации во државата во текот на 31 октомври и 1 ноември. Во полициските акции биле лишени од слобода или приведени пет лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 01.11.2026 17:16
Новиот модел за субвенциониран студентски оброк прифатлив за студентите
„Студентски отпор“ го прифаќа новиот модел за субвенциониран студентски оброк, предложен од Владата и Министерството за образование, со кој месечниот износ би се зголемил од 3.500 на 4.500.










