Со пристигнување на авионот на „Нордвинд” денеска попладне на Меѓународниот аеродром Скопје, и официјално ќе биде означено воспоставувањето на директната авиолинија Москва – Скопје.
-
Македонија 04.06.2021 09:48
-
Македонија 04.06.2021 09:45
Полагањето на државната матура почнува утре со првиот екстерен испит
Учениците кои го завршуваат средното образование и се пријавени за државната матура, утре од 10 часот ќе го полагаат првиот екстерен испит – мајчин јазик, кој е задолжителен за сите 15 294 кандидати колку што се пријавени за матурата во оваа учебна година.
-
Македонија 04.06.2021 09:32
Пратениците на работилница за етичко однесување
Во Собранието денеска ќе се одржи третата работилница за примена на кодексот за етичко однесување на пратениците.
На првата сесија од работилницата ќе бидат претставени примери од Предлог-упатството за примена на кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието.
-
Македонија 04.06.2021 09:18
Сѐ помалку заразени со Ковид-19, расте бројот на вакцинирани
Бројките на новозаразени стивнуваат, а бројот на вакцинирани граѓани против Ковид-19 се зголемува. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 241.368 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 362.710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121.342 граѓани.
-
Македонија 03.06.2021 16:15
Започна вакцинација на хронично болни пациенти и состојби кои се ризик за Ковид- 19
Почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид- 19, на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови во државата.
-
Македонија 03.06.2021 15:21
Филипче: После 15-ти јуни можно дополнително олабавување на мерките
Целосно укинување на полицискиот час и промена на протоколите за одржување на настани, по 15-ти јуни можно е да има ново олабавување на рестриктивните мерки.
-
Македонија 03.06.2021 15:06
Спротивни ставови за предлог- измените на Законот за урбанистичко планирање
Министерот Бочварски нема да прифати блокада на Законот за урбанистичко планирање. Појасни дека измените предвидуваат изборот на планерска куќа која изработува детални урбанистички планови да се врши преку тарифник, кој како што тврди, ќе ги штител архитектите, урбанистите и фелата.
-
Македонија 03.06.2021 14:55
Продолжуваат блокадите на Законот за државјанство
„Обидите на опозициските партии да го блокираат Законот за државјанство се класичен обид за негирање на правата на жителите кои долго време се обесправени и не можат да си ги остварат своите елементарни граѓански права“, велат од Алијансата за Албанците и од Алтернатива.
-
Македонија 03.06.2021 14:46
Заев се надева дека техничката влада во Бугарија ќе донесе одлука за повлекување на блокадата
Премиерот Заев без конкретни детали за португалскиот нон- пејпер и гаранциите кои ги бара Бугарија. Вели дека патоказот за меѓусекторска соработка е на разгледување во МНР кој, според него, е важно да се подготви за да се оствари и меѓувладината конференција.
-
Македонија 03.06.2021 14:34
19 нови случаи со Ковид-19, починати 6 лица
Во последните 24 часа се направени 2.456 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 5, Куманово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1.










