Звуците на македонската мелодија, овојпат среде Израел, во Ерусалим. А тука се живее со полн здив... Младо и старо веќе нормално функционира. Корона вирусот, се чини е минато, откако 80 проценти од населението се вакцинираше.
-
Македонија 10.05.2021 17:21
-
Македонија 10.05.2021 16:43
Заев во Брисел: За јазикот и идентитетот нема да преговараме
Идентитетските прашања не смеат да бидат на масата, Европската комисија ќе се вклучи со уште посилен ангажман во барањето решение за почеток на преговорите- ова се поентите кои произлегоа од средбите на премиерот Заев со првите луѓе на Европската комисија.
-
Македонија 10.05.2021 16:22
25 нови случаи со Ковид-19, починати 16 лица
Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 15, Куманово – 4, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница – по 1.
-
Македонија 10.05.2021 16:20
Полициски час од полноќ, продолжено работно време на угостителите
Полициски час од среда од полноќ со траење до пет часот изутрината. До 23:30 да биде продолжено работното време на угостителските објекти, но гости да се примаат само на летните тераси. Главниот кризен штаб ги прифати предлозите за олабавување на мерките од Комисијата за заразни болести.
-
Македонија 10.05.2021 15:47
Тетово се гуши во прашина и смет
Големи и мини диви депонии, прашина, кал и разновиден отпад кој секојдневно се таложи по рабовите на улиците, а зелената површина речиси ја нема. Ваква е сликата во градот под Шара кој со години го носи епитетот, еден од најзагадените градови во светот.
-
Македонија 10.05.2021 15:36
Царовска: Со нови дуални паралелки ќе се обезбеди бараниот кадар
Министерката за образование Мила Царовска, не гледа причина за нова средба со иницијаторите за стопирање на носење на новиот закон за учебници за основно и средно образование, здружени во Фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“.
-
Македонија 10.05.2021 15:31
Триесетина деца затруени со храна во градинка во Куманово
Околу 30 деца кои биле згрижени во кумановската градинка „Ангел Шајче“ со симптоми на труење се примени во општата болница. Децата се на возраст од две до шест години. На детскиот оддел на лекување се задржани три деца, а останатите по укажана лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
-
Македонија 10.05.2021 15:18
Отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ ќе биде силен сигнал за Грузија
Воени и државни почести, дел од пречекот за грузиската претседателка Зурабишвили во Вила Водно.
-
Македонија 10.05.2021 15:07
Заев- Фон дер Лајен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори
Европската комисија поактивно ќе се вклучи во изнаоѓање решение за деблокадата на процесот за интеграција на Mакедонија во Eвропската унија, пораката од Bрисел стигна, по средбите на премиерот со европските челници.
-
Македонија 10.05.2021 11:17
22 прекршување на забраната за движење, 433 санкции за неносење маска
Од 23.00 часот (09.05.2021) до 05.00 часот (10.05.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење.









