Регистрираните тешки случаи на западнонилска треска се само видливиот врв на епидемиолошката „санта мраз“. Под површината, останува непознат бројот на асимптоматски инфекции и лесни случаи кои не завршиле во болница, вели епидемиологот и професор, Драган Даниловски.
-
Македонија 29.07.2026 13:20
-
Македонија 29.07.2026 13:11
Епидемијата се смирува, но не е завршена
Гостивар и натаму без вода за пиење. Се чекаат резултатите од анализите, кои треба да потврдат дека е безбедна за консумирање. Тоа треба да се случи до крајот на годинава. Епидемиолошката ситуација се смирува, но не е завршена.
-
Македонија 29.07.2026 12:59
ДКСК: Закони донесени по скратена постапка што ги заобиколуваат системските закони, се ризик од корупција
Државната комисија за спречување корупцијата предупредува – секое законско решение, со кое се предвидува исклучување или ограничување на примената на одредбите од Законот за јавни набавки, мора да биде јасно и детално образложено
-
Македонија 29.07.2026 11:17
Поднесена кривична пријава за три лица за „давање награда за противзаконито влијание“, „примање награда за противзаконито влијание“ и „примање поткуп“
На 27.07.2026, Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица.
-
Македонија 29.07.2026 09:37
Предлог-законот за проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028“ денеска пред пратениците
До летниот одмор народните избраници ќе одржат уште три пленарни седници, меѓу кои и за поставување пратенички прашања. Вообичаено последниот четврток во месецот е и брифинг на спикерот Гаши со новинарите.
-
Македонија 29.07.2026 08:39
Зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 29.07.2026 08:15
Сончево и топло, температури до 38 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени.
-
Македонија 28.07.2026 20:47
Расте бројот на заразени со западнонилска треска, потврдени осум случаи
76-годишен скопјанец заразен со западнонилска треска е во тешка здравствена состојба и е на респираторна поддршка, хоспитализиран на Инфективна. На клиниката се лекуваат уште петмина други, додека за тројца се чека лабораториска потврда – сите имаат воспаление на мозокот.
-
Македонија 28.07.2026 20:16
Фокус на владата е имплементација на проектите, вели Мицкоски
Протоколите не се и не треба да бидат дел од преговарачката рамка со Европската унија, категоричен премиерот Мицкоски. Сепак, Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада која, според шефот на Владата, направи егзибиции додека беше на власт.
-
Македонија 28.07.2026 19:40
Министерот Велковски присуствуваше на пуштањето во употреба на новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска, заедно со претседателот на Владата, проф.










