Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорката на Република Чешка, Ирена Гецова.
Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда.
Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорката на Република Чешка, Ирена Гецова.
Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда.
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул.
На 29.10.2026 во 23:30 часот на Граничен премин Делчево, на влез во државата, полициски службеници од ГП Делчево при РЦ за ГР Исток го лишија од слобода П.Л.О.(38) од Романија. При преглед во неговиот багаж биле пронајдени и одземени две тегли со марихуана и ЛСД.
Вкупно 101 неправилност биле утврдени при акциската контрола на товарни возила што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на 28 октомври на територијата на целата држава. Од вкупно 781 контролирано возило, 25 биле исклучени од сообраќај.
Во последната недела пријавен е 61 случај на заболен со грип или симптоми слични на грип. Најмногу има во Куманово – 22, Прилеп – 11, Гостивар – 9, заболени се регистрирани и во Скопје, Струмица, Тетово, Кавадарци и Свети Николе.
Во текот на денот се очекува Обвинителството за организиран криминал и корупција да објави дали и какви мерки ќе бара од судот за финансиските злоупотреби на приватната очна болница.
Продолжува истрагата за двете убиства во скопските населби Хром и Ѓорче Петров. Денеска попладне истекува краткотрајниот, 48-часовен притвор за четворицата осомничени за двете убиства.
Кривична пријава за „измама“ против две лица кои навеле стотици граѓани да инвестираат во лажна интернет-платформа поднесе Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика до Основното јавно обвинителство Битола.
Потпретседателот на Владата на Црна Гора задолжен за надворешни и европски прашања, Филип Ивановиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.