Министерот за здравство Венко Филипче, при денешната посета на Здравствениот дом во Свети Николе на новинарско прашање истакна дека на утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести се анализираа податоците од претходните две недели.
-
Македонија 13.07.2020 16:11
-
Македонија 13.07.2020 16:06
Куманово: Согласно протоколот гласаат заболените од Ковид-19
Во Куманово денеска гласаат 12 лица позитивни на коронавирусот и 19 на кои им е определена мерката самоизолација. Од општинската изборна комисија во Куманово информираат дека гласањето во домовите на овие лица се одвива без проблеми, согласно здравствениот протокол за заштита.
-
Македонија 13.07.2020 15:39
Нови 88 случаи со Ковид-19, тројца починати, оздравени 123 пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети
-
Македонија 13.07.2020 15:06
Две сообраќајки на регионалниот пат Радовиш- Штип, едно лице загина, 14 се хоспитализирани
Единаесет мигранти од Пакистан и Авганистан се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера вечер околу 20 часот на патниот правец Радовиш – Штип.
-
Македонија 13.07.2020 14:58
Намален протокот на грчки државјани на Меџитлија
И дваесетина дена по олабовувањето на мерките за влез и излез на граничниот премин Меџитлија не ги врати во посакуваниот број грчките граѓани во прометот на локалната трговија.
-
Македонија 13.07.2020 14:48
Казна затвор од 19 години за Ангела Ѓорѓивска за убиството на Пино
Ангела Ѓорѓиевска обвинета за соизвршител на убиството на Пинета Секондо Пино доби затвроска казна од 19 години. Судот ја прогласи за виновна за помагање во извршување на убиството што се случи на 11 декември 2018 година.
-
Македонија 13.07.2020 13:20
Гласаат заболените од Ковид-19 и во самоизолација
Со скафандери, со комплетна заштитна опрема и со детални подготовки, во Прилеп се спроведува денешното гласање. За прв пат, во тридневниот гласачки процес на парламентарните избори, специјален одбор од медицински лица е ангажиран за гласањето на заболените и граѓаните во изолација.
-
Македонија 13.07.2020 13:12
Почна гласањето за десеттиот парламентарен состав
Со гласање на 706 лица кои се болни од Ковид- 19 или во самоизолација почна изборниот процес за предвремените парламентарни 10-ти по ред избори. Во вторник ќе гласаат болните и изнемоштените, а во среда сите граѓани на државата кои се запишани во избирачкиот список.
-
Македонија 13.07.2020 11:24
На изборите учествуваат четири коалиции и 11 партии со вкупно 1.578 кандидати
На овие избори учествуваат четири коалиции и 11 партии, со вкупно 1.578 кандидати за 120 пратенички места. Поради тоа што не беше постигнат потребниот број на пријавени избирачи во дипломатско- конзуларните претставништва во земјава, овие избори ќе поминат без гласање во дијаспората.
-
Македонија 13.07.2020 10:38
Се формираат регионални Ковид- центри во 16 општини
Градоначалниците на 16 општини во нашата земја го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, соопшти Министерството за здравство.









