Во рамките на предметот за случувањата во Собранието на 27-ми април во Кривичниот суд - Скопје исказ даваше обвинетиот Александар Василевски- Нинџа.
-
Македонија 06.12.2018 13:48
-
Македонија 06.12.2018 13:05
Втора јавна дискусија за нацрт- амандманите на Уставот
На Универзитетот ФОН попладенво се одржува втората од петте јавни расправи за четирите нацрт-уставни амандмани. Говорници се премиерот Зоран Заев, ректорот на Универзитетот, Нано Ружин, универзитетскиот професор Темелко Ристовски, а воведничар е деканката на Правниот факултет, Сејдефа Џафче.
-
Македонија 06.12.2018 13:03
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се покажа како апсолутно неспособна да го реши проблемот со аерозагадувањето
Единствена надеж за граѓаните дека ќе дишат чист воздух е да дува ветер или да чекаат да заврне. СДСМ се покажа како апсолутно неспособна да го реши проблемот со аерозагадувањето, велат од партијата.
-
Македонија 06.12.2018 13:03
СДСМ: После 11 годишно игнорирање, континуирано се спроведуваат мерки за почист воздух
Последиците од 11- годишното игнорирање на проблемот со загадувањето и системското уништување на зеленилото и животната средина од ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште се чувствуваат, велат од СДСМ.
-
Македонија 06.12.2018 12:58
Чингароска остана без пасош
Осомничената Елизабета Чингаровска остана без пасош. Кривичниот суд го прифатил барањето на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Талир“ и ѝ определил мерки за претпазливост.
-
Македонија 06.12.2018 12:48
Светиклиментов научен собир на тема „Вера и општество“
Еколошки чистата средина е аманет не само од претците, туку и слово запишано во светите стихови, рече деканот на Богословскиот факултет, Ѓорѓевски. Вели, како никогаш досега човештвото се соочува со сопствениот пораз предизвикан од користољубивоста и уништувањето на она што го создал Бог.
-
Македонија 06.12.2018 12:40
Висок степен на сексуално вознемирување на жените на работните места
Постои висок степен на сексуално вознемирување на жените на работните места, покажуваат истражувања на невладините организации. Велат, за да се подигне свеста се потребни и подобри механизми за заштита, особено во делот на заштитата на жртвите.
-
Македонија 06.12.2018 12:01
Безидејноста поголем проблем од парите за реформи во македонското образование
Репортер: Катерина ТопаловаЛектор: Нада Манасиева -
Македонија 06.12.2018 11:27
Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април
Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата од 27-ми април лани во Законодавниот дом. На денешното рочиште одбрана треба да дава обвинетиот Александар Василевски- Нинџа, кој има предложено тројца сведоци.
-
Македонија 06.12.2018 11:24
Македонскиот пасош 36- ти во светот
Македонија е на 36-то место на листата од 199 земји чии пасоши овозможуваат најлесно патување, покажува рангирањето што го направила интернет страницата „Паспорт индекс“ за 2018-та.









