Најголем дел од македонските гласачи не излегоа на референдумот, бидејќи се против одлука наметната однадвор, вели рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин. Според него, долгорочното решение треба да се бара во рамките на уставно- правниот поредок на Македонија.
-
Македонија 02.10.2018 12:49
-
Македонија 02.10.2018 12:41
Столтенберг: Единствен начин да се приклучите во НАТО е да го спроведете Договорот со Грција
НАТО ќе расправа и за референдумот во Македонија на претстојниот состанок на министрите за одбрана во Брисел. Сојузниците треба да испратат порака- единствен пат за прием на Македонија во Алијансата е целосно спроведуввање на Договорот со Грција.
-
Македонија 02.10.2018 12:31
Шест приговори за референдумот доставени до ДИК
До Државната изборна комисија досега се доставени шест приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од референдумот.
-
Македонија 02.10.2018 11:42
Владата ќе расправа за повеќе економски теми
Владата на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која, меѓу другото, на предлог на Секретаријатот за европски прашања - Секторот за координација на европски фондови и друга странска помош, ќе биде разгледана информацијата за статусот на имплементација на тековните Твининг проекти на ЕУ
-
Македонија 02.10.2018 11:04
Кнајсел: Исходот од референдумот е јасен сигнал за поддршка на Договорот за името
Шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел смета дека и покрај неуспехот на референдумот за името на Македонија, пред сè, заради слабиот одзив на гласачите, изјаснувањето во неделата покажа „јасен сигнал за поддршка“ на решението за спорот околу името со Грција.
-
Македонија 02.10.2018 11:02
Руска Амбасада: Гласачите одлучија да бојкотираат наметнати решенија
Резултатот од референдумот во Македонија сведочи дека гласачите решиле да бојкотираат наметнати решенија, став на руското МНР и на руската Амбасада во земјава.
-
Македонија 02.10.2018 10:56
Мас: Скопје и Атина да продолжат со имплементација на историскиот договор
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Скопје и Атина, по неделниот референдум во Македонија, да продолжат со имплементација на „историскиот договор“.
-
Македонија 02.10.2018 10:52
Гутереш: Политичарите да продолжат со спроведувањето на Преспанскиот договор
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика македонските политичари да продолжат со спроведувањето на Преспанскиот договор. Според него, огромно мнозинство гласало за поддршка на договорот.
-
Македонија 02.10.2018 09:46
Иванов: Реалноста е дека референдумот не успеа
Тивкото мнозинство одлучи, реалноста е дека референдумот не успеа. Не се обидувајте да ја измените оваа реалност- порача претседателот на државата Ѓорге Иванов во обраќањето до јавноста. Референдумот не е анкета, додаде Иванов, одлуката на граѓаните обврзува.
-
Македонија 01.10.2018 16:26
„МОСТ“: Гласањето помина во мирна атмосфера, со помали технички проблеми и нерегуларности
Гласањето на референдумот помина во мирна атмосфера, со понизок одзив од вообичаеното, помали технички проблеми и нерегуларности на кои институциите соодветно реагираа- оцени „МОСТ“.










