Државната изборна комисија вечерва на прес-конференција соопшти дека на референдумското прашање „за“ гласале 500.323 или 91,25 проценти, а „против“ 31.886 граѓани или 5,82 проценти.
Излезеноста, според досега обработените 85,71 процент од избирачките места, е 36,11 проценти.
-
Македонија 30.09.2018 23:11
ДИК: „За“ гласале 91,25 отсто, „против“ 5,82 од обработените над 85 проценти
-
Македонија 30.09.2018 19:21
Затворени гласачките места
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.
-
Македонија 30.09.2018 17:45
ДИК: До 17 часот на референдумот излегле 455.771 гласач
До 17 часот на референдумот излегле на гласање 455.771 односно 28,83 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти на прес конференција претседателот на ДИК Оливер Деркоски.
Ова се податоци од обработените информации од 87,25 отсто од општинските изборни комисии.
-
Македонија 30.09.2018 16:08
ДИК: На референдумот до 15 часот излегле 334.075 гласачи
Излезеноста на денешниот референдум до 15 часот изнесува 22,56 отсто или на гласање излегле вкупно 334.075 гласачи запишани во Избирачкиот список, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
-
Македонија 30.09.2018 14:30
ДИК: До 13 часот на референдумот излегле 261.473 гласачи
До 13 часот на денешниот референдум на гласање излегле 261.473 гласачи или 16,00 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти на прес конференција претседателот на ДИК Оливер Деркоски.
-
Македонија 30.09.2018 12:30
ДИК: Гласањето мирно, до 11 часот изелезеноста 8,03 отсто
До 11 часот на 3.480 гласачки места на територијата на Република Македонија гласањето тече мирно и без неправилности. Од обработените 92,06 отсто од податоците од избирачките места до 11 часот на гласање излегле вкупно 8,03 проценти од запишаните гласачи на овие избирачки места.
-
Македонија 30.09.2018 11:26
Комисија при ЈОРМ: До 10 часот не е пријавен кривично правен или посериозен инцидент
Комисијата за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот информира дека до 10.00 часот утринава не е пријавен кривично правен настан или посериозен инцидент кој би значел повреда на правото на гласање и противзаконито дејствување предвидено во
-
Македонија 30.09.2018 11:01
МОСТ: Гласањето се одвива во мирна атмосфера без инциденти
Граѓанската асоцијација МОСТ денеска соопшти дека досега гласањето се одвива во мирна атмосфера без инциденти.
-
Македонија 30.09.2018 09:57
Референдумот ќе го следат 11.907 домашни и 493 странски набљудувачи
Рекорден број домашни и странски набљудувачи денеска ќе бидат на избирачките места за да го следат процесот на изјаснување на граѓаните на Република Македонија за референдумското прашање.
-
Македонија 30.09.2018 09:54
МВР ќе издава лични карти и денеска
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска (30 септември 2018).









