Да се контролира квалитетот на увезеното, брашно или пченица, при влезот во земјава, без разлика од каде доаѓа, зашто тоа влијае и на домашното производство, бараат од регионалниот сојуз на земјоделците „Клас“.
-
Македонија 05.03.2018 16:22
-
Македонија 05.03.2018 15:29
Јанева очекува наскоро да се реши статусот на СЈО
Чешка, Грција, Велика Британија, Холандија се дел од земјите кадешто Специјалното обвинителство ќе истражува дали осомничени за финансиски малверзации сокриле дел од парите што нелегално ги стекнале. Ова го соопшти обвинителката Катица Јанева.
-
Македонија 05.03.2018 15:15
Метео: Облачно со повремени врнежи од дожд
Утре во Македонија се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено во попладневите часови.
Врнежите ќе бидат поинтензивни во западните и крајните источни делови (локално над 15 литри на метар квадратен).
-
Македонија 05.03.2018 15:13
Насер Ајдари избран за нов уставен судија
Собранието го избра државниот правобранител Насер Ајдари за нов уставен судија, а поранешниот судија Ангел Солев и адвокатот Ангеле Илиевски за нови членови на Советот на јавни обвинители.
На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 05.03.2018 15:05
Поранешниот претседател на ДКСК, Миленков поднесе оставка
Поранешниот претседател на Државната комисија за спречување на корупција, Горан Миленков поднесе оставка. Доставена е до Собранието.
-
Македонија 05.03.2018 12:53
Ракети за минофрлач откирени во двор на напуштена куќа во Арачиново
Во двор на напуштена куќа во скопско Арачиново вчера биле пронајдени девет парчиња ракети за минофрлач. Случајот бил пријавен во полиција, соопшти МВР.
Како што информираат оттаму, увид на местото извршиле екипи од Одделот за недозволена трговија и антитероризам.
-
Македонија 05.03.2018 12:49
ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на СДСМ и селективен политички прогон
СДСМ ја навреди македонската дијаспора дека е примитивна, поистоветувајќи ја со еден изолиран случај, само затоа што иселениците имаа храброст да го кренат гласот против антидржавните политики на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 05.03.2018 12:24
Заев- Мицкоски: Остануваат разликите за името и за Законот за јазици
Два часа разговори меѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Остануваат разликите за името и за Законот за јазиците.
-
Македонија 05.03.2018 10:52
Собранието ќе избира уставен судија и членови на Советот на ЈО
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 35. седница на која на дневен ред се Предлог за избор на судија на Уставниот суд и Предлог за избор на членови на Советот на јавните обвинители.
-
Македонија 05.03.2018 10:50
Двојно зголемени водотеците на повеќето реки низ Македонија
Речиси тројно повисоко е нивото на реката Треска кај Македонски Брод во споредба со просекот за февруари, а Вардар и Сатеска се двојно зголемени, покажуваат денешните хидролошки мерења.










