ИКТ центарот во Прилеп, единствен во регионот, што почна да се гради е резервната варијанта за чување на значајните лични и државни податоци во случај на природни и катастрофи предизвикани од луѓето, констатираа на денешниот почеток на изградбата на Центарот на периферијата на Прилеп, владините и
-
Македонија 03.07.2018 15:49
-
Македонија 03.07.2018 15:44
Шекеринска: Следната недела Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО
Со новиот Стратегиски одбранбен преглед, Македонија ќе има мала мобилна армија која ќе може да одговори на современите предизвици и ќе има оптимални ресурси за безбедноста на државата.
-
Македонија 03.07.2018 15:18
Димитров: Резолуцијата за Македонија во август
Мора да се искористи тајмингот за приклучување на Македонија во Европската унија. За ова ќе разговарам на средбите во Европскиот парламент, вели министерот Димитров и дополнува, во август европарламентарците ќе ја разгледуваат Резолуцијата за Македонија.
-
Македонија 03.07.2018 14:29
Власта на консултации, опозицијата на протест
По 12- ти јули кога се очекува Македонија да добие покана за членство во НАТО ќе се отвори дебата со сите политички чинители и со граѓанскиот сектор за утврдување на терминот за референдум, карактерот и за прашањето- изјави шефот на македонската Влада, Зоран Заев.
-
Македонија 03.07.2018 13:56
Вработените во „Еурокомпозит“ на протест пред Владата
Револтирани поради како што велат игнорантскиот однос, вработените од прилепски „Еурокомпозит“ поставија шатори пред Владата. Не си одат од тука, сѐ додека трајно не се реши егзистенцијата на 260 вработени во компанијата.
-
Македонија 03.07.2018 13:50
Град Скопје почна постапка за набавка на нови 40 еко-автобуси
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе добие нови 40 еколошки автобуси на гас. Постапката е отпочната, тендерот се очекува да биде распишан на есен, а договорите за новите автобуси да бидат потпишани до крајот на годината.
-
Македонија 03.07.2018 13:33
Судењето за „Титаник“ одложено за 16-ти август
Денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Титаник“ е одложено за 16-ти август поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска која, како што извести нејзината адвокатка Сања Алексиќ е во болница по породувањето.
-
Македонија 03.07.2018 13:15
ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја уништува Македонија на меѓународен и на домашен план
Заев ја уништува Македонија на меѓународен и на домашен план, вели ВМРО- ДПМНЕ. Прифати обезличување на сопствената држава и народ, промена на Уставот, идентитетот и јазикот, дополнуваат во оваа партија.
-
Македонија 03.07.2018 13:09
Дескоска: Нов модел на Антикорупциска комисија
Антикорупционери според нови критериуми, Антикорупциска во ново руво, најавува министерката за правда Рената Дескоска. Таа посочи дека работната група треба да дефинира модел на експертска комисија ослободена од политички влијанија.
-
Македонија 03.07.2018 13:03
Курц: Западниот Балкан заслужува членство во ЕУ
Австрискиот канцелар Себастијан Курц, на пленарната седница на Европскиот Парламент ги презентираше приоритетите на австриското претседавање со ЕУ, кое започна на 1-ви јули и ќе трае до 31-ви декември 2018-та година, нагаласувајќи дека Западниот Балкан заслужува членство во ЕУ.










