Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Во Скопје утре до 24 степени.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Во Скопје утре до 24 степени.
ВМРО-ДПМНЕ не прави блокада на Собранието, напротив води дискусија за предизвиците и последиците од Тиранската платформа, истакнаа од говорницата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ поради изборната измама се соочува со револтот на граѓаните, брзи избори се најдобриот излез, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Потенцира, СДСМ и другите партии треба да внимаваат што прават, бидејќи ќе има и други избори во иднина.
Протест на земјоделците поради неисплатени субвенции. Оние од скопскиот регион излегоа пред Министерство за земјоделство.
На денешниот редовниот состанок во седиштето на НАТО во Брисел, се одржаа консултации во поглед на реализацијата на партнерските цели на Република Македонија, за остварување на идно полноправно членство во Алијанста, кое е стратешка цел на нашата држава.
Само избор на нова влада е решение на проблемот на земјоделците со субвенциите, велат од СДСМ. Љупчо Николовски порача- нема да дозволиме никој да си поигрува со интересот на граѓаните, додавајќи дека земјоделските субвенции не се партиска мерка туку државна.
Соработката на АРМ со Армијата на Вооружените сили на САД за Европа продолжува во повеќе облици на активности од доменот на обуката, соопштија од АРМ.
Во Собранието на Република Македонија продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Земјоделци попладнево на собир пред ресорното министерството. Побараа средба со министрите за финансии, Кирил Миноски, за земјоделство Михаил Цветков, како и со директорот на Платежната агенција, Игор Златков.
Фунционирањето на државниот систем, егзистенцијата на граѓаните и стабилноста на државата никој не смее да ги доведе во прашање, велат од СДСМ.