Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне до 23 степени. Во Скопје утре до 21 степен.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне до 23 степени. Во Скопје утре до 21 степен.
Македонско- словачките културни врски имаат богата и повеќе од 1.000 годишна традиција, чии почетоци се поврзани со мисијата и дејноста на сесловенските просветители Константин, Кирил и Методиј.
Обвинители од Специјалното јавно обвинителство влегоа во просториите на Македонски телеком. Од СЈО велат дека станува збор за работна средна на повисоко ниво, со претставници на оваа компанија.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против неколку лица кои учествуваа во тепачката на Матка на 15 април во која беше убиено едно 17-годишно момче.
Со палење шест свеќи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше одбележан Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот.
Време е за лидерска средба за да се најде компромис за излез од кризата, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски.
Во Судскиот совет се одложи расправата за разрешениот судија и поранешен претседател на скопска Апелација, Јордан Митриновски. Не беше присутен неговиот адвокат.
50 милиони евра за субвенции на земјоделците ќе бидат исплатени согласно со законскиот рок, посочува ресорниот министер. Платежната агенција ќе ги изготви налозите до 31-ви мај.
Пролетна сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, поради политичката криза, јавува МИА. Нема да учествува македонската парламентарна делегација, бидејќи не е сеуште составена по изборите лани во декември.
Наместо досегашните 50 односно 55 проценти, стапката на кофинансирање во првата мерка, инвестиции во земјоделски стопанства, може да достигне и до 70 отсто во подрачјата со ограничени можности.