Родители на деца со посебни потреби од вчера поставија шатори пред македонското Собрание. Велат дека ќе останат до сабота. Апелираат државата да им излезе во пресрет, за да им се подобрат условите за живот на нивните најмили.
-
Македонија 21.04.2017 13:19
-
Македонија 21.04.2017 12:49
Пожар во близина на средното училиште „Здравко Цветковски“
Гори објект во близина на средното училиште „Здравко Цветковски“. Очевидци велат дека станува збор за Заводот за архитектура и урбанизам. Се уште нема информации како избил пожарот.
-
Македонија 21.04.2017 12:05
Димитриев: Изјавите на Рама не се во прилог на добрососедството и градењето пријателски односи
Изјавите на албанскиот премиер Рама не се во прилог на добрососедството и градењето пријателски односи, пишува премиерот Димитриев на својот Фејсбук профил.
-
Македонија 21.04.2017 11:54
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протести
Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Се маршира во Скопје и во другите градови. Од оваа иницијатива сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа, и според нив, документот води кон бинационална, а не кон мултинационална држава.
-
Македонија 21.04.2017 10:47
Продолжува конститутивната седница на Собранието
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 21.04.2017 10:46
Граѓанскиот марш за Алепо поминува во Македонија
Учесниците од граѓанскиот марш за Алепо ја преминаа Српско-македонската граница. Маршот за мир за Сирија досега помина повеќе од илјада и 600 километри пеш низ повеќе европски земји.
-
Македонија 21.04.2017 10:43
Студено и ветровито
Времето денеска суво, студено и ветровито. Ветерот ќе биде северозападен, особено изразен долж повардарието.
-
Македонија 21.04.2017 10:36
Шести роденден на „Иванов Школа за Лидери - Алумни Асоцијација“
Иванов Школа за Лидери - Алумни Асоцијација (ИСЛАА), проект инициран од претседателот на државата Ѓорге Иванов, денеска ќе го прослави шестиот роденден.
-
Македонија 21.04.2017 10:24
Ниските температури им се закануваат на овошките
Студот им се заканува на земјоделците. Температурите, особено утринските, кои во наредните денови ќе се спуштат и до минус четири степени, може да им наштетат на овошките и на виновата лоза, предупредуваат агрометеоролозите.
-
Македонија 20.04.2017 16:29
Ново продолжение на конститутивната седница
Не е демократија ако се прават отстапки од сопствените национални интереси, кои самите ако не ги почитуваме, вредноста и кај останатите станува ниск- сметаат пратениците од Коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ.










