По дводневна пауза денеска Собранието на Република Македонија треба да ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 24.04.2017 08:22
-
Македонија 21.04.2017 16:10
Голем пожар во скопски Карпош, нема повредени
Пожарот е локализиран, нема повредени. Се гаснеше два часа. Интервенираа 40 пожарникари со 15 возила. Бил активиран и Градскиот штаб од каде што дополнително испратиле 8 возила за асистенција на противпожарните цистерни со вода. Ветерот беше дополнителен проблем.
-
Македонија 21.04.2017 15:49
Прилеп: Традиција на Источен петок по Велигден
Варошкото семејство Лучески ја продолжува традицијата од дедо- прадедо за прославата на Голем или Источен петок, првиот по Велигден. Портите се ширум отворени за гостите, патниците, намерниците. Одекнаа и зурлите и тапаните.
-
Македонија 21.04.2017 15:43
Родителите на деца со посебни потреби на средба со пратениците
Студената ноќ ја минаа во шатор, со надеж дека утрото ќе донесе подобра иднина за нивните најмили. Родителите на децата со попреченост беа повикани во Собранието. Претставници од надлежните институции и пратеници им ветија дека дел од барањата ќе се реализираат уште од следната недела.
-
Македонија 21.04.2017 15:28
16-то продолжение на конститутивната седница
Далекусежни последици ќе има македонската држава со прифаќањето на албанската платформа бидејќи крајната цел е федерализација преку менување на државните обележја- рекоа од собраниската говорница пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 21.04.2017 15:25
Правници на јавна дебата во Скопје
Не е праведно во постапката во која се уште не знаеме дали осомничениот го сторил делото да се применуваат присилни средства и други недозволени начини за собирање на докази – вели академик Владо Камбовски.
-
Македонија 21.04.2017 14:07
Скопје добива нов забавен парк
Скопје добива нов модерен и забавен Луна парк. Етапно ќе се градат нова инфраструктура, придружни објекти и ќе бидат поставени нови забавни реквизити. Ќе чини 6,5 милиони евра. За неговата изградба нема да се зема од зеленилото во градскиот парк, уверува градоначалникот Коце Трајановски.
-
Македонија 21.04.2017 14:02
Метео: Дневните температури во благ пораст
За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Утре минималните температури на места ќе бидат за два до три степени пониски од денешните, а максималните дневни во благ пораст.
-
Македонија 21.04.2017 14:00
Локализиран пожарот кај „Здравко Цветковски“
Локализиран е пожарот што ги зафати напуштените бараки кај средното училиште „Здравко Цветковски“. Нема повредени лица и не постои опасност тој да се прошири, потврди командантот на бригадата за противпожарна заштита, Звонко Томески.
-
Македонија 21.04.2017 13:48
Кампања на МЖ Транспорт: „Не за селфи на воз- вреди да живееш“
„Не за селфи на воз- вреди да живееш“- со кампања Македонски Железници Транспорт ќе ја подига свеста кај учениците да не се сликаат на вагоните и да внимаваат на високо напонските жици. Поводот се еден смртен случај и неколку повередни момчиња.










