23- годишно момче од Кавадарци загина изутрината во тешка сообраќајна несреќа на влезот од Велес. Од засега непознати причини, камионот што го возел се извртел на патот, а кабината сопрела на работ од провалијата.
-
Македонија 19.04.2017 14:35
-
Македонија 19.04.2017 13:39
Метео: Променливо облачно и постудено време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со локални послаби врнежи од дожд, на планините ќе провејува слаб снег.
Ќе дува и засилен ветер од западен и северозападен правец кој на места ќе надминува брзина од 90 километри на час.
-
Македонија 19.04.2017 13:27
Земјотрес почувствуван во Охрид и околината
Земјотрес со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала во 11 часот и 42 минути беше почувствуван во Охрид и околината.
-
Македонија 19.04.2017 13:24
МО: Конкурс за студенти-питомци за школување на академиите во Србија, Турција и Хрватска
Министерството за одбрана распиша конкурс за запишување тројца студенти- питомци што ќе се школуваат во Турција, Србија и во Хрватска во учебната 2017/ 2018 година.
-
Македонија 19.04.2017 13:21
Жбогар: Време е институциите да профункционираат
Време е институциите да се формираат и да профункционираат- изјави евроамбасадорот Самеул Жбогар. Смета дека што поскоро треба да се избере нов претседател на Собранието, а сите политички чинители да се обединат кон единствената цел- евроатлантските интеграции на Македонија.
-
Македонија 19.04.2017 11:06
Охридското Езеро 16 сантиметри над минимумот
Нивото на Охридското Езеро е 16 сантиметри над дозволениот минимум, но е под просекот за април кој изнесува 42 сантиметри над минимумот, соопшти УХМР.
-
Македонија 19.04.2017 10:40
Продолжуваат протестните маршеви низ земјава
Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои траат речиси два месеца. Од оваа иницијатива сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа, а според нив, овој документ води кон бинационална, а не кон мултинационална држава.
-
Македонија 19.04.2017 10:31
Облачно време со врнежи од дожд
Денеска под влијание на нов влажен бран, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен.
-
Македонија 19.04.2017 10:04
Претседавачот на Претседателството на БиХ во посета на Македонија
Претседателот Ѓорге Иванов ќе биде домаќин на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.
-
Македонија 19.04.2017 08:02
Сообраќајот по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.









