Граѓанското движење за одбрана на Македонија организираше собир пред Кривичниот суд за ослободување на актуелниот битолски градоначалник, кому судот му одреди 30-дневен куќен притвор за случајот „Транспортер“ по побарање на Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 20.06.2016 13:13
-
Македонија 20.06.2016 12:16
Сончево и многу топло, пад на температурата од среда
Претежно сончево и повторно многу топло време најавуваат метерололозите во наредните денови.
Температурата ќе биде највисока денеска и утре, долж Повардарието до 39 степени, а од среда ќе има пад за два до три степени.
УВ индексот е висок и изнесува 8.
-
Македонија 20.06.2016 10:57
Почнаа преговорите за откуп на пченица
Годинава треба да се ожнеат скоро 80.000 или за 10.000 хектари повеќе од лани со што се очекува да се собере род од скоро 240.000 тони пченица.
-
Македонија 20.06.2016 10:54
УКИМ објави Конкурс за 2016/2017, слободни 10.535 места
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје денеска го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година додипломски студии во академската 2016/2017 година.
-
Македонија 20.06.2016 10:44
На „Ало докторе“ најмногу повици за покачен притисок, главоболки и алергии
Во изминатата недела (13-19 јуни) на телефонската линија „Ало докторе!“ (02/15 123) имало 1380 повици за медицински совет.
Како што информира ЈЗУ Здравствен дом Скопје, од 15 септември 2014 кога почна да работи, на телефонската линија „Ако докторе!“ имало вкупно 98.734 повици.
-
Македонија 20.06.2016 10:43
Иванов ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2016“
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2016“ на најдобрите студенти кои дипломирале на инженерските дисциплини. Настанот ќе се одржи попладне на платото пред манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски“ кај Охрид.
-
Македонија 20.06.2016 10:41
Брифинг за конкурсот за обука на пилоти
Центарот за обука на пилоти во соработка со Министерството за одбрана, во Домот на АРМ, организира брифинг за конкурс за обука на пилоти.
-
Македонија 20.06.2016 10:22
Продолжува собраниската расправа за импичмент на Иванов
Во Собранието треба да продолжи расправата по предлогот за импичмент на претседателот Иванов, поднесен од СДСМ на кој стојат потписите и од пратениците од ДУИ и неколку независни.
-
Македонија 20.06.2016 10:20
Советот на ЕУ ќе расправа за состојбата во Македонија
Министрите за надворешни работи на земјите- членки на Европката унија на денешната седница на Советот ќе разговараат за состојбата во Македонија. Предлогот е на Германија и на Велика Британија.
-
Македонија 16.06.2016 16:30
Застој во преговорите
Претставниците на партиите потписнички на договорот од Пржино побарале дополнително време за консултации. Се пеглаат разликите околу избирачкиот список и реформите во медиумите.










