Привремената комисија за следење на медиумското преставување нема да поднесе предлози за прекршочни пријави против радиодифузерите до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
-
Македонија 21.09.2016 10:21
-
Македонија 21.09.2016 10:16
Јанева ќе го презентира извештајот на СЈО пред Комисијата за политички систем
Вториот 6-месечен извештај на Специјалното јавно обвинителство, пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Пратениците ќе го разгледуваат и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2015 година.
-
Македонија 20.09.2016 19:58
Реакција на Колегиумот на Првиот програмски сервис на МРТ по емитуваното интервју на обвинителката Катица Јанева
Случувањата и настаните поврзани со интервјуто на специјалната јавна обвинителка во Дневниците на МТВ1 и настаните кои следствено се случуваа потоа со протекување на снимката ги карактеризираме како неуспешен обид да се даде нова професионална слика на Јавниот сервис преку вештачко билдање на про
-
Македонија 20.09.2016 17:05
Земјотрес од 2,4 степени по Рихтер почувствуван во Скопје
Земјотрес со магнитуда од 2,4 според Рихтеровата скала попладнево во 15:56 часот е регистриран во Скопје и околината.
-
Македонија 20.09.2016 16:56
Обвиненијата од СЈО во рацете на судиите
Судиите од Кривичниот суд Татјана Михајлова и Лидија Петровска се назначени да ги судат предметите поднесени од Специјалното јавно обвинителство за предметите насилство во Општина Центар и за уништување на документација за прислушување.
-
Македонија 20.09.2016 16:02
Се очекува нов бран бегалци
Нов бран бегалци напролет се очекува од Средоземјето. Поради договорот меѓу ЕУ и Турција најголемиот налет според аналитичарите веројатно ќе биде кон Италија.
-
Македонија 20.09.2016 15:54
Метео: Променливо облачно, температура до 24 степени
Утре во Македонија повторно ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
На места ќе има услови за краткотраен локален дожд, а ќе дува и умерен ветер од северен правец.
-
Македонија 20.09.2016 15:48
Авантурите на Петко на МТВ од средината на октомври
Играната ТВ детска серија „Пет плус“ инспирирана од авантурите на познатиот лик Петко повторно се враќа на малите екрани, овој пат на јавниот сервис. Најмладата генерација од средината на октомври ќе ужива во 40 нови епизоди во кои се прикажани лудориите на Петко и неговите пријатели.
-
Македонија 20.09.2016 15:23
110 деца во Македонија имаат нарушен раст
110 деца во Македонија имаат нарушен раст и примаат хормон. Има и деца кои сѐ уште чекаат да започнат со лекување. Од Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ укажуваат на овој здравствен проблем со кој се соочуваат како родители во лекувањето на нивните деца.
-
Македонија 20.09.2016 14:57
Сѐ уште трае вештачењето на остатоците од италијанскиот Пајпер
Паралелно, во македонското и италијанското обвинителство, во тек се истражните активности поврзани со несреќата со италијанскиот Пајпер во која загинаа шест патника, меѓу кои еден беше и пилот.










