Четворицата членови на ад хок телото за следење на медиумите за време на изборите и денеска не постигнаа консензус за избор на 5-от член. Се состанаа попладнето и по еден час дискусија решиле консултациите да продолжат утре.
-
Македонија 25.08.2016 17:07
-
Македонија 25.08.2016 16:53
Попоски- Коѕиас: Мостови на добрососедство за да се решат крупните проблеми
„Ако партнерите не си веруваат, тие нема да стапат во брак“- со ваков пример грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас ја потенцираше потребата од проширување на мерките за градење на доверба меѓу Скопје и Атина.
-
Македонија 25.08.2016 15:05
Македонија и Грција ќе градат добрососедство
Мост на соработка со Грција и квалитетни билатерални односи за решавање на крупните прашања, заедничка констатација на министрите за надворешни на Грција и на Македонија, Коѕиас и Попоски, на денешната прес конференција во македонското Министерство за надворешни работи.
-
Македонија 25.08.2016 14:30
Хуманитарна помош од Русија за поплавените подрачја
Хуманитарна помош од Руската Федерација, наменета за поплавените подрачја, утре ќе пристигне на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Помошта се состои од мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 kW, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо.
-
Македонија 25.08.2016 13:36
Метео: Следува сончево и стабилно време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и стабилно време со мала облачност и со слаб до умерен североисточем ветер.
За време на викендот се очекува сончево и потопло време со температура до 35 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 25.08.2016 13:24
Се нормализира животот во поплавените реони
Семејството Стојановски во Стајковци добиле 30.000 денари од државата. Велат, веднаш купиле песок и матерјал за изолација. Но, штетата е многу поголема, не можат да ја санираат сами.
-
Македонија 25.08.2016 13:02
Коѕиас се сретна со Димитриев и Попоски
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас пристигна во еднодневна работна посета на Република Македонија. Тој веќе имаше средба со претседателот на владата Емил Димитриев, а потоа беше пречекан од неговиот домаќин, вицепремиерот и министер за надворешни, Никола Попоски.
-
Македонија 25.08.2016 12:40
Гужва на патарините и граничните премини
На автопатот А1/Е75 Табановце-Богородица зголемен е интензитетот на сообраќај во правецот на север. На наплатните станици за патарина Стоби, Отовица и Романовце присутен е поголем број возила, информира Автомото сојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
-
Македонија 25.08.2016 12:36
Средба Спасов- Штогер во Виена
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес оствари средба со својот австриски колега, министерот за труд, социјални прашања и заштита и потрошувачи, Алојз Штогер.
-
Македонија 25.08.2016 12:30
Притвор за српски државјанин, криумчарел мигранти
На автопатот Удово-Неготино, кај тунелите кај Демир Капија, вчера околу 07.30 часот полицијата во товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки пронашла 47 лица-мигранти од Сирија, Ирак, Пакистан и Авганистан.









