Балансираност во известувањето и вклученост на опозицијата во новинарските извештаи најмалку 50% од времето во кое е застапена власта, формирање на привремена Комисија за следење на медиумското претставување, како и јасно издвојување на коментарот од останатите жанрови.
-
Македонија 23.08.2016 17:00
-
Македонија 23.08.2016 16:35
ДИК: Усвоен извештајот за спорните гласачи
30.447 спорни гласачи кои не се пријавиле во законскиот рок, се избришани од избирачкиот список. Ќе имаат дополнителна можност да го направат тоа во 15-дневниот јавен увид пред изборите. Во рокот од 25 дена, во ДИК пристигнаа 8.992 пријави.
-
Македонија 23.08.2016 16:10
Авансна помош за сите погодени во поплавите
Жителите од поплавените региони одат во банка за да го земат авансираното обесштетување. На терен, продолжува евиденцијата на луѓето чиишто имоти беа уништени во невремето.
„Ме нема на список, одам до банката да прашам“, вели жител од Стајковци.
-
Македонија 23.08.2016 15:40
Собрани над 740.000 евра помош, акцијата ќе трае до 29-ти август
Над 740.000 евра се собрани во Црвениот крст од донации за поплавените- информираше генералниот секретар Саит Саити. Поради сѐ уште непристигнати, но договорени донации, како и поради зголемен интерес во јавноста, хуманитарната акција ќе трае до 29-ти август.
-
Македонија 23.08.2016 15:14
Наскоро надзорна расправа во Собранието за поплавите од 6-ти август
Собраниска Комисија за земјоделство едногласно реши да се одржи расправата за „Примената на законските и подзаконските прописи во областа на хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи“ на која ќе се дискутира за последиците од поплавите.
-
Македонија 23.08.2016 14:09
Метео: Променливо со повремени локални врнежи од дожд
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, особено во јужните и источните делови од земјава.
Ќе дува и умерен повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието.
-
Македонија 23.08.2016 14:07
ДЗС го заврши ангажманот во поплавените подрачја
Во поплавените подрачја односно во Црешево, Смилковци, Булачани, Брњарци, депонија Арачиново, Сингелиќ, Камник, Стајковци, Раштански пат и Инџиково, Дирекцијата за заштита спасување (ДЗС) со 3.400 вработени исчистила и тампонирала 71 улица со вкупна должина од 15.700 метри, а исчистени се канали
-
Македонија 23.08.2016 13:57
ДИК ќе го разгледа Извештајот за пријавените гласачи со спорни записи
Државната изборна комисија денеска на седница треба да го разгледа и усвои Извештајот за спроведената постапка за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците.
-
Македонија 23.08.2016 13:50
Експерти од ЕУ, ОН и СБ ги идентификуваат причините и последиците од поплавите
Заеднички тим на стручни лица за санација од катастрофи од Европската Унија (ЕУ), Обединетите Нации (ОН) и Светска Банка (СБ) со надлежните македонски институции е распореден на терен со цел идентификување на причините за поплавите и проценка на последиците.
-
Македонија 23.08.2016 12:59
Исплатени зголемените социјални надоместоци во поплавените региони
Шестотини и педесет семејства од поплавените подрачја приматели на парични надоместоци за права од областа на социјалната и детската заштита ги добија надоместоците со 50 процентно зголемување, како дел од пакетот мерки за помош на загрозените граѓани, информира денеска министерот за труд и социј









