Заклучно со вчерашниот ден собрани се над 740 илјади евра помош за настраданите, информираше првиот човек на Црвениот крст, Саит Саити, кој во Сојузот на синдикатите со претседателот Живко Митревски разговараше за досега собраните донации од синдикатите.
-
Македонија 23.08.2016 12:39
-
Македонија 23.08.2016 11:26
Помош од милион денари од М-НАВ за настраданите во поплавите во Скопско
Македонска навигација М-НАВ ќе одвои милион денари за помош на настраданите во неодамнешните поплави во скопско, соопшти денеска М-НАВ.
Одлуката за помошта ја донесе Управниот одбор на М-НАВ.
-
Македонија 23.08.2016 10:40
Денеска треба да биде познат и петтиот член на ад хок телото за медиуми
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба да го соопшти и петтиот член на ад хок телото за медиумите. Според политичкиот договор од 20-ти јули, треба да биде Албанец.
-
Македонија 23.08.2016 10:13
УХМР: Облачно, повремен дожд и грмежи
За денеска се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а во јужните делови поројни дождови кои ќе бидат проследени со грмежи.
Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија, информираат од УХМР.
-
Македонија 23.08.2016 10:02
Коѕиас во четврток во Скопје
Грчкиот шеф на дипломатијата Коѕиас во четврток доаѓа во Македонија. Европската перспектива на државата- тема на разговор со министерот за надворешни работи, Никола Попоски.
Коѕиас во Скопје ќе се сретне со македонски дипломати, а ќе има и свое обраќање.
-
Македонија 23.08.2016 09:58
Следуваат подобри временски услови за земјоделството
Состојбата со земјоделското производство е вообичаена за овој период од годината. Влажноста во почвата е добра, особено во подлабоките слоеви што ќе придонесе за зреењата на овошките, раните сорти на десертно грозје како и зреењето и бербата на тутунот.
-
Македонија 23.08.2016 08:02
На граничните премини задржувања до 20 минути
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 23.08.2016 08:00
Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 22.08.2016 15:53
Тачи, Бонева и Ибраимовски на распит во СЈО
„Кога зборува правдата политиката треба да молчи“ изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи по едночасовниот распит во Специјалното јавно обвинителство. Не откри за кој случај бил повикан.
-
Македонија 22.08.2016 15:40
Метео: Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно посвежо и ветровито време со повремени врнежи од дожд, локално поројни со грмежи.










