Турска бања, сауна, базени и џакузи, по 12 години болницата „8-ми Септември“ ќе добие нов, модерен центар за физикална терапија. Дел од услугите ќе ги покрива фондот за здравствено осигурување, а дел ќе бидат и комерцијални.
-
Македонија 22.08.2016 15:30
-
Македонија 22.08.2016 14:55
Собрани 740 илјади евра парична помош, акцијата продолжува до петок
До петок се продолжува периодот на хуманитарната акција на Црвениот крст за собирање средства и пари за загрозените во поплавите во Скопско.
Досега се собрани околу 740 илјади евра во пари, средства и во опрема кои ќе бидат дистрибуирани по утврдувањето на критериумите за распределба.
-
Македонија 22.08.2016 14:52
Почна исплатата на авансната помош
Почна исплатата на авансната помош на загрозените во неодамнешните поплави. Во секое село има пункт на кој граѓаните се информираат дали на нивната сметка пристигнала паричната помош. Парите ќе се префрлаат етапно во следниот период на сите загрозени семејства.
-
Македонија 22.08.2016 14:25
ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција е надлежно за „Шпион“
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапува по предметот против Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена во случајот „Шпион“.
-
Македонија 22.08.2016 13:50
УХМР: Попладне дожд, ветер и грмежи
Во поголем дел од Македонија, особено во планинските подрачја попладнево има нестабилна облачност, на места проследена со пороен дожд и грмежи, а во Скопската котлина дува засилен северен ветер, на моменти со брзина и до 75 км/час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Македонија 22.08.2016 13:12
АХВ oбезбеди храна за добитокот во поплавените региони
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека со цел да им помогне на сточарите од поплавените региони од донации има обезбедено и поделено околу 15 илјади килограми концентрат за исхрана на преживеаниот добиток.
-
Македонија 22.08.2016 13:06
Денеска ќе бидат утврдени условите за распределба на средствата за помош на поплавените
Денеска Црвениот крст ќе ги утврди критериумите за распределба на донациите во средства и пари што беа собрани претходните две недели за жителите од поплавените подрачја.
Неофицијално хуманитарната акција е можно да продолжи и во наредната недела, велат во Црвениот крст.
-
Македонија 22.08.2016 12:53
Утре краен рок да се избере петтиот член на ад- хок телото
Вчера заврши повикот за петтиот член на привремената комисија за следење на медиумското известување на предвремените парламентарни избори. На овој повик се пријавиле 10 новинари, а утре е крајниот рок за да се избере петтиот член.
-
Македонија 22.08.2016 12:48
Тачи: Кога зборува правото, политикта треба да молчи
Специјалното јавно обвинителство најави интензивна работна недела. Денеска во обвинителството на распит се Мендух Тачи, претседателот на ДПА, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Самка Ибраимовски лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите.
-
Македонија 22.08.2016 10:43
Пронајдено починато лице на патот Демир Капија- Неготино
Утрово на делницата Демир Капија-Неготино пронајдено е починато лице, соопштија од СВР Велес.










