Граѓаните од поплавените подрачја денеска, утре и задутре треба да ги пријават во Министерството за финансии деловните банки во кои сакаат да им биде исплатен паричниот надоместок.
-
Македонија 20.08.2016 10:16
-
Македонија 20.08.2016 10:13
Истече рокот за пријавување на спорните гласачи
Заврши рокот за пријавување на спорните гласачи во канцелариите на ДИК. Објавени беа имињата на 39.502 гласачи кои се сметаа за спорни во Избирачкиот список.
-
Македонија 20.08.2016 10:08
Од силниот дожд во Кичево поплавена главната сообраќајница
Локална нестабилност вчера попладне и во вечерните часови имаше во западните делови од земјата особено во Кичевско, која во вечерните часови се пренесе кон централните делови, но слабееше по интензитет, информира УХМР.
-
Македонија 19.08.2016 16:35
Ристовски: Навременото чистење на каналите во Илинден спречи поголеми последици
Владиниот координатор за поплавените подрачја, Спиро Ристовски вели дека навременото чистење на каналите во Илинден спречиле поголеми последици во општината која била на удар на невремето.
-
Македонија 19.08.2016 16:29
Завршува проверката на податоците на спорните гласачи
Гласачите кои што се најдоа на посебниот список на спорни записи, кој што произлезе од вкрстените и теренските проверки, можат да се пријават во подрачните единици на ДИК или електронски преку веб апликацијата уште денеска.
-
Македонија 19.08.2016 16:20
Владата го зголеми фондот за авансно обештетување, донесе одлука тоа да почне веднаш
По 30 илјади денари аванс за штетите ќе добие секое семејство што беше поплавено во невремето, најави премиерот Димитриев. Одлуката е донесена на последната владина седница. Сумата за авансното обесштетување од 1,5 е зголемена на 2,5 милиони евра, вели тој.
-
Македонија 19.08.2016 16:13
Иванов: На повидок втор мигрантски бран, постои опасност од насилно отворање на Балканскиот коридор
Точно една година од прогласувањето на кризна ситуација на дел од јужната граница, поради бегалската криза, што очигледно ја затекна Европската Унија неподготвена, рече претседателот Иванов.
-
Македонија 19.08.2016 15:35
Донираните средства ќе се делат подеднакво
Донираните средства ќе се делат подеднакво- информираат од Црвениот крст. Велат дека го очекуваме списокот за семејствата нас кои ќе треба да им се даде помош. Досега се собрани 44 милиони 640 илјади денари.
-
Македонија 19.08.2016 14:55
Ќе се проверува квалитетот на земјоделските производи од поплавените подрачја
Тимови на Државниот инспекторат за земјоделство ќе го утврдуваат квалитетот на градинарски производи од поплавените села кои би можеле да се консумираат или да се најдат на пазарите. Засега, од таму, без анализа нема да може да се изнесе ниту еден земјоделски производ.
-
Македонија 19.08.2016 14:27
Почнува исплатата на авансното обештетување
На секое семејство што беше поплавено во невремето на 6-ти август ќе му бидат авансно исплатени по околу 30 илјади денари, соопшти денеска премиерот Емил Димитриев. Тој очекува исплатата на средствата да започне уште во текот на денешниот ден.










