Суви коловози во земјава, сепак внимавајте на градежните работи на патиштата. Обиколницата Скопје и натаму е отворена за сообраќај, но на некои делови има сообраќајни знаци за намалување на брзината поради оштетувањето на патот.
-
Македонија 22.08.2016 10:15
-
Македонија 22.08.2016 10:09
Обесштетување: Пријава на трансакциски сметки на поплавените
Завршува прогласената кризна состојба во Скопскиот и во Тетовскиот регион што траеше 15 дена од поплавените во овие подрачја. Граѓаните и денеска може да ги пријават деловните банки во Министерството за финансии, каде што планираат да им биде исплатена авансната отштета од 500 евра.
-
Македонија 22.08.2016 10:05
Хуманитарната помош редовно се дели на настраданите
15 дена акција за хуманитарна помош во парични средства, храна, вода, хигиенски средства за настраданите во поплавите во Скопско. Досега се собрани над 720 илјади евра. И денеска се делеше помош за жителите погодени од природната катастрофа.
-
Македонија 22.08.2016 08:03
Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет и за политички систем и односи меѓу заедниците.
-
Македонија 22.08.2016 08:00
Граѓаните од поплавените подрачја и денеска можат да се пријават за исплата на авансот
Граѓаните од поплавените подрачја и денеска може да ги пријават во Министерството за финансии деловните банки во кои сакаат да им биде исплатен авансот.
-
Македонија 20.08.2016 10:16
Граѓаните од поплавените подрачја да ја пријават во МФ банката за исплата на авансната помош
Граѓаните од поплавените подрачја денеска, утре и задутре треба да ги пријават во Министерството за финансии деловните банки во кои сакаат да им биде исплатен паричниот надоместок.
-
Македонија 20.08.2016 10:13
Истече рокот за пријавување на спорните гласачи
Заврши рокот за пријавување на спорните гласачи во канцелариите на ДИК. Објавени беа имињата на 39.502 гласачи кои се сметаа за спорни во Избирачкиот список.
-
Македонија 20.08.2016 10:08
Од силниот дожд во Кичево поплавена главната сообраќајница
Локална нестабилност вчера попладне и во вечерните часови имаше во западните делови од земјата особено во Кичевско, која во вечерните часови се пренесе кон централните делови, но слабееше по интензитет, информира УХМР.
-
Македонија 19.08.2016 16:35
Ристовски: Навременото чистење на каналите во Илинден спречи поголеми последици
Владиниот координатор за поплавените подрачја, Спиро Ристовски вели дека навременото чистење на каналите во Илинден спречиле поголеми последици во општината која била на удар на невремето.
-
Македонија 19.08.2016 16:29
Завршува проверката на податоците на спорните гласачи
Гласачите кои што се најдоа на посебниот список на спорни записи, кој што произлезе од вкрстените и теренските проверки, можат да се пријават во подрачните единици на ДИК или електронски преку веб апликацијата уште денеска.










