Во текот на минатата недела 1.121 пациент побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“. Од 15 сепетември 2014 до вчера на бројот 02/15 123 имало 81.444 повици
-
Македонија 14.03.2016 10:24
-
Македонија 14.03.2016 10:23
На полноќ се затвора веб- апликацијата за проверка на избирачкиот список
Се затвара опцијата за пријавување на неконзистентни записи во избирачкиот список на веб страницата на Државната изборна комисија.
-
Македонија 14.03.2016 10:19
Обиколницата Битола- Ресен е во прекин
Дождливото време предизвика повеќе одрони на патиштата во земјава. Екипите на „Македонија“ пат го расчистија одронот кај Удово и сообраќајот е нормализиран.
-
Македонија 14.03.2016 10:16
Брегалница се излеа кај Таринци
Надојдените води на Брегалница го поплавија патот кон селотот Таринци, а водата ги покри и оризовите полиња. Општината Чешиново–Облешево изгради неколку потпорни ѕида за да ги спречи поплавите, а прекопани се и каналите за да се спречи излевањето на водата во населените места.
-
Македонија 14.03.2016 10:07
Утре последен рок за запишување на нови земјоделски стопанства
До утре земјоделците и новите земјоделски фирми доколку сакаат да добиваат субвенции од државта ќе мора да се впишат во регистарот за земјоделски стопанства.
Оваа обврска ја имаа и оние кои направиле промени во сопственичката структура.
-
Македонија 14.03.2016 08:38
Поранешни професионални војници ќе потпишат договори за вработување
Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе потпишува договори за вработување поранешни професионални војници во Армијата на Република Македонија.
-
Македонија 14.03.2016 08:20
Претседателот Иванов ќе се обрати на бизнис-форум во Каиро
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој од вчера е во официјална посета на Египет, денеска попладне во Каиро ќе се обрати на отворањето на бизнис-форум за презентација на инвестициските можности во Македонија.
-
Македонија 11.03.2016 15:30
На Детска хирургија извршени сложени кардиохирушки интервенции врз 11 бебиња
За 10 дена биле извршени 11 кардихируршки интервенции на детската хирургија, на деца на возраст под 6 месеци и со просечна тежина од 3 килограми.
-
Македонија 11.03.2016 15:28
Шестмина осомничени во случајот „Ќелија“ изразија подготвеност за признавање вина
Четворица прифатија да се спогодат со обвинителот за висината на казната. Но, кога на останатите седуммина судот им соопшти дека ќе ја изгубат можноста за спогодбена казна, уште двајца се предомислија изразувајќи подготвеност за прифаќање вина.
-
Македонија 11.03.2016 15:07
ЕК: Затворањето на балканската рута е факт, а не намера
Во заклучоците на Европскиот совет, усвоени во вторникот, се наведува дека патот на мигрантите преку Западен Балкан е затворен. Со тоа се посочува еден факт, а не намера, изјави денеска на прес-конференција во Брисел, портпаролот на Европската комисија Маргаритис Схинас.










