Времето во земјава во текот на целиот ден ќе биде облачно со врнежи од дожд, што почнаа во раните утрински часови. Во претпладневните часови ќе се прошират низ целата земја и ќе бидат со умерен интензитет.
-
Македонија 22.10.2015 10:22
-
Македонија 22.10.2015 10:19
Измени во критериумот за закуп на земјоделско земјиште
Со измените на Законот, се предлага видот на планирано производство да не биде критериум за избор на најповолен понудувач.
-
Македонија 21.10.2015 18:43
Проблемот со името- тема на сите средби на Нуланд во Атина
Проблемот што Атина го има со нашето уставно име била тема на сите средби што американскиот помошникот државен секретар Викторија Нуланд ги оствари со грчкиот државен врв.
-
Македонија 21.10.2015 17:12
Груевски на конгрес на Европската народна партија во Мадрид
Премиерот Груевски учествува на конгресот на Европската народна партија што ќе се одржува во Мадрид. Ќе се разговара за актуелните предизвици на европскиот континент - економијата и потенцијалите за раст, како и за справувањето со илегалните мигранти и европските политики на интеграција.
-
Македонија 21.10.2015 17:05
Средношколскиот пленум повторно на протести, бара укинување на екстерното
Средношколскиот пленум повторно на протести. Бараат укинување на екстерното тестирање. Камерите можеа да регистрираат дека на протестите се приклучија повозрасни луѓе и опозициски пратеници.
-
Македонија 21.10.2015 17:03
Вонреден состанок за бегалската криза, ќе се бара поголема соработка со Западен Балкан
Претседателот Ѓорге Иванов на покана на шефот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, в недела во Брисел ќе учествува на вонредниот состанок свикан поради актуелноста на незаконската миграција. Ова денеска ни го потврдија и од Кабинетот на македонскиот претседател.
-
Македонија 21.10.2015 16:56
ФЗОМ: Контактирани над 3 илјади хронично болни преку кол центарот
Повеќе од три илјади осигуреници со дијабет, кардиоваскуларни и бубрежни болести биле контактирани од тимовите на Фондот за здравство преку кол центарот.
-
Македонија 21.10.2015 16:41
Ванхауте: Ако не се исполнат обврските од договорот, ќе нема избори во април
Политичките лидери итно да ги исполнат обврските од договорот, затоа што ќе нема услови за одржување на предвремените избори во април следната година- посредникот во преговорите Питер Ванхауте од брифинг со новинарите со порака до политичарите.
-
Македонија 21.10.2015 16:12
Бесплатен „Мајкрософт Офис“ за студентите на ФИНКИ
Нови можности за студентите и професорите на ФИНКИ. Отсега ја имаат на располагање најновата верзија на „Мајкрософт Офис“ програмите. Бесплатно ќе може да го инсталираат на најмногу пет компјутери и на пет преносни уреди, да го користат на факултет и дома.
-
Македонија 21.10.2015 15:15
Уапсен 23- годишен скопјенец, осомничен во „Ќелија“
Уапсен 23- годишен скопјенец, осомничен дека учествувал во странска војска. Тој е осомничен во акцијата „Ќелија“ која во август годинава беше спроведена и во која беа осмничени 36 лица.










