• Македонија 01.07.2015 10:37

    Нови квоти за приватните аптеки од денес

    Од денеска важат новите квоти за приватните аптеки. Целта е да се овозможи посоодветна дистрибуција на средствата за лекови, односно подобра снабденост за осигурениците, велат од Фондот за здравствено осигурување.

  • Македонија 01.07.2015 10:27

    Летен универзитет по француски јазик во Струга

    Во Македонија се повеќе се зголемува интересот за изучување на францускиот јазик. Од тука и се поголемата посетеност на летниот универзитет по француски јазик, како втор официјален во Европската Унија. Струга по петнаесетти пат е домаќин на овој настан.

  • Македонија 01.07.2015 10:00

    Врнежите добредојдени за пролетните култури

    Повремените врнежи од дожд се добредојдени за пролетните култури. Проблематични се само за јачменот поради прекинувањето на жетвата која е во тек.

    Врнежите имаа повеќе позитивно влијание во земјоделството одколку што предизвикаа штети.  

  • Македонија 30.06.2015 17:25

    Поради кризата помалку Грци во Гевгелија

    Празни улици, без турканици пред банкоматите, продавниците или бензинските. Ваква е сликата од Гевгелија, најпосетуваниот град од соседите Грци. Најтешката финансиска криза на Грција не ги донесе нивните граѓани во Македонија. Жителите на Гевгелија велат дека нема наплив на гости оттаму.

  • Македонија 30.06.2015 17:04

    Се подобруваат демографските трендови

    Се враќа надежта за македонската демографија. 1.116 првачиња повеќе од лани, од септември ќе тргнат на училиште. Годинава по подолг надолен тренд, владините мерки ги даваат првите резултати.

  • Македонија 30.06.2015 16:46

    Седумгодишно девојче почина во Заводот за рехабилитација во Битола

    7 годишно девојче почина во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас во Битола. За случајот, кривично се гони одговорниот дефектолог. Битолската полиција поднесе кривична пријава за 46-годишната воспитувачка – дефектолог во Заводот за несовесно работење.

  • Македонија 30.06.2015 16:39

    МПЦ ги утврди членовите на комисијата која ќе разговара со СПЦ

    Митрополитите Петар, Тимотеј и Наум и Епископот Климент се членови на Комисијата на Синодот на МПЦ која ќе разговара со српските владици за изнаоѓање решение за статусот на црквата.

  • Македонија 30.06.2015 16:33

    Судот го одобри обвинението за „Пуч“

    Судот го одобри обвинението за случајот „Пуч“, каде како четвртообвинет се јавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

  • Македонија 30.06.2015 16:19

    Поевтинува струјата за 0,33%

    Јулските сметки за струја, што ќе пристигнат во август, ќе бидат пониски. Регулаторната комисија ја намали цената за крајните потрошувачи во просек за 0,02 денари, односно за 0,33%. Корекцијата е различна за производството, дистрибуцијата и за преносот.

  • Македонија 30.06.2015 16:10

    Значително намален трендот на препишување антибиотици

    Препишувањето на антибиотици во земјава бележи тренд на намалување. По 300 милиони дози дневно антибиотик се трошат во клиниките и болниците низ земјава, но, оваа бројка е двојно намалена во споредба со 2011-та година.

Pages