Во рамките на подготовките на нивната здружена операција со радиоматерите од Македонија, делегацијата на клубот ја сретнавме во просториите на македонската постојана мисија при Советот на Европа во Стразбур, каде беа примени од амбасадрот Петар Поп Арсов.
-
Македонија 14.04.2015 14:59
-
Македонија 14.04.2015 14:25
Од Хрватска екстрадиран осомничен од полициската акција „Чекан“
Македонското МВР во соработка со хрватската полиција ја заврши екстрадицијата на гостиварец, еден од инволвираните во случајот „Чекан“. Против него имаше кривична пријава под сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, изнуда, лихварство и перење пари.
-
Македонија 14.04.2015 14:09
Метео
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и стабилно време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
Повисоки температури повторно може да очекуваме во четврток со тенденција за понатамошен пораст во наредните денови.
-
Македонија 14.04.2015 14:00
Клиничка патека за пациентите со малигни заболувања
Се скратува времето на чекање за пациентите со малигни заболувања. Преку таканаречената „Национална клиничка патека“ ќе се утврдуваат роковите за прегледи.
-
Македонија 14.04.2015 12:33
Откриени 15 сириски мигранти
Уште еден случај на криумчарење мигранти од Блискиот Исток. При рутинска контрола на клучката од автопатот Штип-Велес, полицијата во шлепер открила 15 Сиријци.
Во моментов тие се на распит во полицијата. Осомничен е возачот на камионот.
-
Македонија 14.04.2015 12:26
Одложен судскиот процес за дедо Љубе
Се одложува судењето на дедо Љубе, откако неговите адвокати денеска во кумановскиот суд, побараа да се повтори исрагата за да се утврди што точно се случило пред две години, кога тој и неговата сопруга беа нападнати во нивниот дом.
-
Македонија 14.04.2015 11:58
Ново архитектонско решение за центарот на Струга
Петнаесеттина студенти по архитектура, искусни архитекти и дизајнери од Европа до крајот на овој месец ќе работат на новото решение за струшкиот плоштад и на центарот на градот.
-
Македонија 14.04.2015 11:12
Над 1.000 лица за една недела се јавиле на „Ало докторе“
Во изминатите седум дена од 6 април до вчера за медицински совет на телефонската линија 02/15 123 се јавиле 1.087 лица, соопшти Здравствен дом Скопје. -
Македонија 14.04.2015 11:09
Свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен
Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ Битола.
-
Македонија 14.04.2015 11:05
Новиот состав на Антикорупциска на собраниска седница
На денешното ново пленарно заседание на Собранието, една од точките на дневен ред е и изборот на новиот состав на Комисијата за антикорупција.
Предложени се 5 нови членови, а само двајца се од стариот состав- Сејди Халили и Фарије Алиу.










