Претседателката Сиљановска-Давкова се сретнала со бугарскиот премиер Жељасков на маргините на Самитот на НАТО во Хаг.
-
Македонија 25.06.2025 13:22
-
Македонија 25.06.2025 13:18
Доживотен затвор за четворицата обвинети, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
Доживотни затворски казни за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Секој од четворицата доби и по десет години затвор за грабнување на Вања. Нејзиниот татко, Александар, судот го ослободи од обвинение. -
Македонија 25.06.2025 11:43
Лишен од слобода возач од неготинско, управувал возило со 2,46 промили алкохол во организмот
Утринава во 07.20 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Н.К.(47) од село Долни Дисан, неготинско.
-
Македонија 25.06.2025 10:51
Доживотен затвор за сторителите на убиствата на Вања и Панче, Александар Ѓорчевски ослободен
Кривичниот суд во Скопје денеска изрече доживотна казна затвор за Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски за грабнувањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, извршени во ноември 2023-та година.
-
Македонија 25.06.2025 10:11
Самит на НАТО во Хаг
Лидерите на земјите членки на НАТО алијансата на самит во Хаг. Македонската делегација ја предводи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во Хаг присуствуваат и министерот за одбрана, Мисајловски, како и шефот на дипломатијата, Муцунски.
-
Македонија 25.06.2025 09:52
Успешно евакуирани мајка и три деца од Израел, и натаму во сила препораката да се избегнува патување на Блискиот Исток
Мајката со три деца, успешно се евакуирани од Израел, со лет од Тел Авив до Атина, соопшти нашето МНР. Заклучно со денеска, вкупниот број на евакуирани македонски државјани изнесува 12, осуммина со владиниот авион беа вратени преку Египет и последните четворица преку Атина.
-
Македонија 25.06.2025 09:35
Почувствуван земјотрес во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 степени е регистриран рано изутрината во 3 часот и 59 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на 115 километри југозападно од Скопје.
-
Македонија 25.06.2025 08:57
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 25.06.2025 08:51
Седници на осум собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за животна средина и просторно планирање, за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за финанс
-
Македонија 25.06.2025 08:41
Мисајловски на работна средба на министри за одбрана во Хаг
Вчеравечер во Хаг, на покана на министерот за одбрана на Холандија, Рубен Брекелманс, министерот Владо Мисајловски учествуваше на средбата со своите колеги – министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.








