Кошаркарите на Партизан ја потврдија фантастичната форма, по вторпат оваа сезона, го совладаа актуелниот европски шампион Анадолу Ефес, сега како гостин.
Спорт
-
Кошарка 17.03.2023 12:44
-
Тенис 16.03.2023 11:25
Ѓоковиќ ќе настапи на мастерсот во Монте Карло
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа на листата учесници на мастерс турнирот во Монте Карло што ќе се одржи во првата половина од април.
-
Кошарка 16.03.2023 11:20
Голден Стејт поразени од Клиперс
Шампионот на НБА-лигата, тимот на Голден Стејт Вориорс загуби од Лос Анџелес Клиперс на гости со 134:126.
Стеф Кари кој постигна 50 поени, беше најефикасен на натпреварот, но и тоа не беше доволно неговиот тим да избегне пораз.
-
Фудбал 16.03.2023 11:16
Инфантино реизбран за претседател на ФИФА
Џани Инфантино е реизбран за претседател на Меѓународната фудбалска федерација.
Изборот на прв човек на ФИФА се одржа денес на 73-от Конгрес на организацијата во Кигали (Руанда). Инфантино беше единствениот кандидат за оваа функција. Неговиот договор е до 2027-ма година.
-
Кошарка 15.03.2023 13:56
Лејкерси поставија клупски рекорд
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, ноќеска го повторија клупскиот рекорд за погодени тројки во првото полувреме.
Во првите 24 минути на средбата со Њу Орлеанс Пеликанс (123:108), тимот од Калифорнија уфрли 15 прецизни удари од зад лакот.
-
Фудбал 15.03.2023 13:53
Милевски го објави списокот за натпреварите со Малта и со Фарски Острови
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, денес го објави списокот со повикани играчи за престојните натпревари против Малта во квалификациите за ЕП и против Фарски Острови контролен.
На списокот на Милевски се најдоа:
-
Ракомет 15.03.2023 11:11
Победа на Еурофарм Пелистер над Нексе
Составот на Еурофарм Работник славеше над Нексе со 27-23 (14-11) и на тој начин го освои второто место во групата А во СЕХА лигата.
-
Останати спортови 14.03.2023 13:10
Адријана Поп Арсова постави нов национален рекорд на полуматарон
Македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова на вчерашната трка постави нов национален рекорд на полуматарон.
Арсова учествуваше на полумаратонот во Каламбака и го истрча за време до 1:13:39 што беше пет минути подобро од претходниот рекорд.
-
Тенис 14.03.2023 12:21
Алкараз се пласира во осминафиналето на мастерсот во Индијан Велс
Светскиот рекет број два Карлос Алкараз се пласира во осминафиналето на мастерсот во Индијан Велс. Шпанецот рутински го совлада холандскиот тенисер Талон Грикспор со 7-6/4, 6-3. Ова беше јубилејна стота победа на победникот на УС Опен минатата година на АТП турнирите.
-
Кошарка 14.03.2023 09:39
Голден стејт Вориорс до победата над Феникс Санс
Клеј Томпсон е тема на денот во НБА лигата. Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА, ги предводеше Голден стејт Вориорс до победата над Феникс Санс со 123:112. Томпсон влезе во историјата на лигата.









