Почнува едномесечна фудбалска еуфорија. Од денеска во Германија УЕФА ЕУРО 2024. Сите натпревари од шампионатот директно на јавниот сервис.
Спорт
-
Фудбал 14.06.2024 15:37
-
Кошарка 10.06.2024 09:39
Бостон Селтикс се движат кон нова шампионска титула во НБА лигата
Во втората средба од големото финале на најсилната кошаркарска лига во светот, Селтикси триумфираа со 105-98 и се полни со самодоверба пред продолжението на серијата, која се сели во Далас.
-
Тенис 10.06.2024 09:27
Тронот на АТП го презеде Јаник Синер
Новак минатата недела беше 428. на врвот на АТП листата, а иако не е ни малку далеку од Алкараз и Синер и иако го држеше првото место последните 39 недели, многумина не веруваат дека ќе го видиме на врвот повторно. Но, сепак за тоа ќе одлучи српскиот тенисер.
-
Фудбал 10.06.2024 09:21
Аргентина го совлада Еквадор
Аргентина со 1-0 го совлада Еквадор во пријателски натпревар, а стрелец на единствениот гол беше Анхел Ди Марија.
Клучниот момент се случи во 40. минута кога по една убава акција, Ди Марија со искусна завршница погоди и донесе водство на Аргентина од 1-0, што беше и конечен резултат.
-
Останати спортови 07.06.2024 11:19
Двајца натпреварувачи од Македонија на ЕП во атлетика
Од денеска па до 12 јуни стадионот „Олимпико“ во Рим ќе биде домаќин на Европското првенство (ЕП) во атлетика.
-
Останати спортови 06.06.2024 10:04
Норвешка за првпат домаќин на СП во алпско скијање
Норвешка во 2029 година за првпат ќе биде домаќин на Светското првенство во алпско скијање.
-
Фудбал 06.06.2024 09:56
Медисон нема да биде вклучен во тимот на Герет Саутгејт за ЕП
Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Џејмс Медисон, нема да биде вклучен во тимот на Герет Саутгејт за Европското првенство во Германија, откако ја напушти селекцијата, објавија британските медиуми.
-
Фудбал 04.06.2024 11:44
ОПТА: Англија фаворит за титулата на ЕУРО 2024
Агенцијата за фудбалска аналитика и статистика ОПТА ја издвои Англија како прв фаворит за освојување на титулата на претстојното Европско првенство.
-
Ракомет 04.06.2024 11:39
Седум ракометари се разделуваат од Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер по крајот на тековната сезона се разделува со седум свои ракометари и ќе направи сериозни промени во играчкиот кадар. За дел од нив веќе од претходно беше познато дека заминуваат.
-
Останати спортови 03.06.2024 12:00
Иџе освои второто место на трката во Чешка
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе со своето Ферари заврши на второто место на трката во Чешка во рамки на Европското првенство на планински патеки.
Пред него се најде Лиридон Календри од Косово, кој имаше предност од 17,7 секунди, а зад Иџе е Николас Вервер од Франција.










