Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо го зазеде првото место во рејтингот на најплатените спортисти во светот според истражувањето на популарниот магазин „Форбс“, кое е направено за тековната 2024 година.
Спорт
-
Фудбал 16.05.2024 19:46
-
Кошарка 16.05.2024 15:49
Бостон ја затвори серијата со Кливленд, Далас поведе со Оклахома
Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА ноќеска се одиграа два натпревара од плејофот. Бостон селтикс обезбеди полуфинале откако на домашен терен во петтиот натпревар од серијата прв до четири против Кливленд кавалирс победи со 113:98.
-
Фудбал 16.05.2024 11:26
Селтик ја освои титулата во Шкотска
Фудбалерите на Селтик во претпоследното коло ја обезбедија шампионска титула откако славеа на гости кај Килмарнок од 5:0. Во последното коло Селтик ќе влезе со шест бода повеќе од големиот ривал Ренџерс.
-
Фудбал 15.05.2024 20:05
Анчелоти со најдобра сезона како тренер
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде оценка за сезоната која е во завршница.
Реал Мадрид синоќа во натпревар од 37. коло на Шпанското фудбалско првенство го победи Алавес со 5:0.
-
Кошарка 15.05.2024 16:09
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале
Една победа ги дели екипите на Њујорк никс и Денвер нагетс од пласман во полуфиналето на плејофот во НБА-лигата.
Ова е епилогот по двата ноќешни натпревара на кои Никс и Нагетс забележаа победи.
Резултати:
Њујорк никс – Индијана пејсерс 121:91
-
Останати спортови 14.05.2024 12:22
Кедев стигна до нов подвиг во алпинистичката кариера
Македонскиот алпинист Сашко Кедев стигна до нов подвиг во алпинистичката кариера. Тој успеа да е искачи на врвот Лоце на Хималаите кој е четврти највисок врв во светот со висина од 8.516 метри. Следна цел на Кедев ќе биде врвот Кенечунга кој е висок 8.586 метри.
-
Фудбал 13.05.2024 20:57
Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони
Eвропската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи денеска 44-годишниот Словенец Славко Винчиќ да го суди финалето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
-
Кошарка 13.05.2024 16:57
Денвер изедначи во серијата во НБА плејофот
Денвер ноќеска ја победи Минесота на гостински терен во четвртиот натпревар од второто коло на НБА плејофот со резултат 115:107.
Најефикасен кошаркар на паркетот беше Ентони Едвардс од Минесота, кој постигна 44 поени. Кај Нагетс, центарот Никола Јокиќ постигна 35 поени.
-
Формула 1 13.05.2024 16:53
Чикаго ќе организира трка во Формула 1 во 2026 година
Во натпреварувачкиот календар од 2026 година на Формула 1 ќе се појави трка за Големата награда на Чикаго. Веќе е договорено Чикаго да биде домаќин на едно Гран при, пренесуваат медиумите.
-
Ракомет 12.05.2024 21:26
Македонските ракометари изборија учество на Светското првенство 2025
Македонската ракометна репрезентација вечерва го совладаа Фарски Острови со 34:26 и се пласираа на Светското првенство следната година.






