Кошаркарите на Пелистер забележаа огромна победа во еден од клучните натпревари во трката за плеј-оф во АБА2 лигата. Македонскиот вицешампион по голема драма славеше над директниот ривал Борац Бања Лука со 73-72 и се искачи на осмата позиција со идентичен скор како денешниот ривал (5-6).
Спорт
-
Кошарка 18.03.2024 19:11
-
Фудбал 15.03.2024 14:34
Реал против Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите
Двајца од најголемите фаворити во Лигата на шампионите – актуелниот освојувач на трофејот Манчестер Сити и најтрофејниот клуб на турнирот, Реал Мадрид ќе се сретнат во четвртфиналето, одлучи денешната ждрепка во Нион.
-
Кошарка 15.03.2024 12:39
Дончиќ не е сериозно повреден
Суперѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ го пропушти натпреварот против Оклахома Сити Тандер, но магнетната резонанца не покажала сериозен проблем. Веста ја потврди тренерот на тимот Џејсон Кид.
-
Тенис 15.03.2024 12:26
Ѓоковиќ нема да игра во Мајами
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерс турнирот во Мајами, пренесуваат повеќе медиуми. На Индијан Велс, Србинот неочекувано го заврши учеството веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди.
-
Ракомет 14.03.2024 21:02
Никола Митревски се враќа во Еурофарм Пелистер
По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер.
-
Фудбал 14.03.2024 09:57
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на шампионите
Вчера се одиграа последните два натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите. По нивното завршување, познати се екипите кои продолжуваат напред. Тоа се Арсенал, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.
-
Тенис 13.03.2024 11:10
Алкараз, Синер и Зверев продолжуваат на Мастерсот во Индијан Велс
На Мастерс турнирот во Индијан Велс се одиграа четири осминафинални дуели. Минатогодишниот шампион Карлос Алкараз, Александар Зверев, Јиржи Лехечка и Јаник Синер продолжуваат понатаму.
-
Ракомет 12.03.2024 09:46
Македонските ракометари ги почнаа подготовките за дуелите со Романија
Македонската машка ракометна репрезентација вчера ги почна мини подготовките за двата дуели против Романија на гостински терен во рамки на ЕХФ неделата.
-
Кошарка 12.03.2024 09:32
Дончиќ и Дерозан - играчи на неделата во НБА
Првата ѕвезда на Далас меверикс, Лука Дончиќ е прогласен за најдобар кошаркар на неделата во Западната конференција на НБА.
Минатата недела словенечкиот кошаркар учествуваше на три натпревари со просечни 37,7 поени, 10,3 скока и 10,7 асистенции по натпревар.
-
Тенис 12.03.2024 09:28
Неочекувана елиминација на Ѓоковиќ на турнирот во Индијан Велс
Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс (САД).
Србинот ноќеска во третото коло загуби од Италијанецот Лука Нарди во три сета - 4:6, 6:3, 3:6.






