Продолжуваат битките во Бахмут. Украинскиот претседател за првпат изјави дека трупите, би можеле да бидат опколени. Според Зеленски, колку побрзо Украина добие оружје од партнерите, толку побрзо војниците ќе можат да возвратат.
-
Свет 06.04.2023 12:42
-
Свет 06.04.2023 11:12
Внукот на Роберт Кенеди влезе во трка за претседател на САД
Роберт Ф. Кенеди Џуниор, активист против вакцините и дел од најпознатите политички фамилии во САД, се кандидира во трката за претседател на изборите во 2024-та година.
-
Свет 06.04.2023 09:38
Ракетен напад од палестинските милитанти во Израел
Палестинските милитанти истрелаа ракети кон јужен Израел откако полициската рација во џамијата Ал Акса во Ерусалим предизвика прекугранична размена на оган. Нема информации за жртви.
Појасот Газа е под контрола на исламистичката милитантна група Хамас.
-
Свет 06.04.2023 09:36
Зеленски: Можно е да бидат опколени нашите трупи во Бахмут
Продолжуваат битките во Бахмут. Украинскиот претседател Зеленски за прв пат изјави дека трупите би можеле да бидат опколени.
-
Свет 06.04.2023 09:30
Пјонгјанг предупреди од нуклеарна војна
„Заедничките и зачестените воени вежби на САД и Јужна Кореја ќе доведат до нуклеарна војна“ – предупреди официјален Пјонгјанг, заканувајќи се со офанзивна акција.
-
Свет 06.04.2023 09:17
Реакција на Кина по посетата на Цаи
Тајван тврди дека околу островот се движат три воени бродови и кинески хеликоптер по состанокот во Калифорнија меѓу претседателката Цаи Инг-вен и челникот на американскиот Претставнички дом Кевин Меккарти, за кој Пекинг вети одговор.
-
Свет 05.04.2023 17:38
Зеленски: Не ја исклучуваме можноста за повлекување од Бахмут
Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека постои можност за воено повлекување од градот Бахмут на истокот на земјата.
-
Свет 05.04.2023 14:15
Уапсен сопругот на поранешната шкотска премиерка Старџен
Сопругот на поранешната шкотска премиерка Никола Старџен е уапсен во рамките на истрага за финансирање на Шкотската национална партија.
58-годишниот Питер Мурел е вмешан во случај со донации од 600.000 фунти, што наводно партијата ги собрала за кампања и втор референдум за независност.
-
Свет 05.04.2023 13:04
Трамп обвинет за 34 кривични дела, пред судот се изјасни за невин
За првпат во историјата на САД e покренато обвинение против поранешен претседател. Доналд Трамп пред судот на Менхетен се изјасни за невин по сите 34 точки. По враќањето од Њујорк, јавно го коментираше обвинението и практично одржа предизборен говор пред неговите приврзаници.
-
Свет 05.04.2023 12:12
Макрон во тридневна државна посета на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон во тридневна државна посета на Кина. Тоа е прва посета на шеф на француската држава на Пекинг од 2019 година.










