Засилено обезбедување во Њујорк пред првото сослушување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тој е под истрага поради исплата од 130.000 долари на порно актерка пред изборите во 2016 година во замена за медиумски молк за нивната афера.
-
Свет 04.04.2023 09:14
-
Свет 04.04.2023 09:13
Железничка несреќа во близина на Хаг
Воз со педесетина патници излета од шините во Холандија, по што удри во градежничка опрема на пруга. Едно лице загина, а триесетина се повредени.
Причините за несреќата во близина на Хаг се непознати.
-
Свет 04.04.2023 09:12
Битката за Бахмут продолжува
Продолжува битката за Бахмут. Шефот на меѓународната агенција за атомска енергија,Гроси, утре во посета на Калининград на преговори за нуклеарката на Запорожје. Западните сојузници му пратија на Киев помош од 65 милијарди евра, ММФ кредит од 2,7 милијарди долари, а Полска „мигови 29“.
-
Свет 03.04.2023 20:11
Силен земјотрес го погоди островот Суматра во Индонезија
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар денеска кај индонезискиот остров Суматра регистрираше силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри од градот Падангсидемпан, на длабочина од 91 километар.
-
Свет 03.04.2023 16:16
Неизвесно е формирањето стабилна политичка влада во Бугарија
Резултатите од предвремените парламентарни избори, петти по ред во две години, покажуваат триумф на коалицијата ГЕРБ-СДС, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов.
-
Свет 03.04.2023 12:53
Во Хаг почна судскиот процес против Хашим Тачи
Во Хаг почна судскиот процес против поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, две и пол години откако поднесе оставка од функцијата претседател на Косово поради обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура.
-
Свет 03.04.2023 12:45
ГЕРБ на Борисов со најголем број гласови на изборите во Бугарија
Ќе успее ли Бугарија да формира влада?
-
Свет 03.04.2023 12:00
Приведена осомничена под сомнение за вмешаност во експлозијата во Санкт Петерсбург
Руските истражители соопштија дека привеле осомничена за експлозијата на бомба во кафуле во Санкт Петерсбург, при што загина воениот блогер и поддржувач на руската кампања во Украина, Владлен Татарски.
-
Свет 03.04.2023 11:44
Со предност од речиси 70 илјади гласа Милатовиќ е новиот претседател нa Црна Гора
Јаков Милатовиќ е новиот претседател на Црна Гора. Со предност од речиси 70 илјади гласа, го победи долгогодишниот претседател Мило Ѓукановиќ. Премиерот Абазовиќ му честиташе на новоизбраниот претседател, рече дека на Црна Гора и претстои светла иднина.
-
Свет 03.04.2023 10:34
Зеленски: Состојбата во Бахмут е особено жешка
Украинските власти, велат дека силите продолжуваат да ги бранат своите позиции, додека руската војска не обрнува доволно внимание на нивните загуби додека напаѓаат.










