Постојано расте бројот на загинати во земјотресот, којшто ги погоди Турција и Сирија. Потрагата по преживеани трае веќе осми ден.
-
Свет 13.02.2023 09:45
-
Свет 13.02.2023 09:42
Серија воздушни напади кон Газа
Израелската војска почна серија воздушни напади во Појасот Газа. Целта е подземен објект кој го користи Хамас за производство на ракети.
Судирите со палестинските милитанти беа обновени поради рациите на Западен Брег кои се вршат речиси секој ден.
-
Свет 13.02.2023 09:40
Напади со беспилотни летала во Дњепропетровската област
Напади со беспилотни летала во Дњепропетровската област. Москва тврди – Харков е ракетиран.
Унгарија одбива да биде дел од десеттиот пакет санкции за Русија.
-
Свет 13.02.2023 09:39
Соборен е четврти летечки објект над Северна Америка
Соборен е четврти летечки објект над Северна Америка во близина на езерото Хјурон, кај границата со Канада. Пентагон проценил дека патеката на движење го попречува воздушниот сообраќај.За прв пат бил забележан над воени локации во Монтана.
-
Свет 12.02.2023 19:40
Нов земјотрес во Турција
Како што пренесуваат турските медиуми, Турција денеска по вторпат ја погоди нов силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, кај Малатија.
Засега нема детални информации дали има причинето материјална штета и каде е точно епицентарот на земјотресот.
-
Свет 12.02.2023 17:51
Дендиас со Чавушоглу во Антакија
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас пристигна во Турција, во поддршка на жителите кои се погодени од разорниот земјотрес.
-
Свет 12.02.2023 15:55
Столтенберг во октомври се повлекува од функцијата шеф на НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг не бара ново продолжување на мандатот на чело на Aлијансата.
-
Свет 12.02.2023 13:20
Трудо: Соборен неидентификуван објект над Канада
Нов ден, ново инцидент со летало над Северноамериканскиот континент. Премиерот на Канада, Џастин Трудо соопшти дека по негова наредба, американски воен авион соборил неидентификуван објект што летал високо над северна Канада, само неколку часа откако Вашингтон јави за слична акција над Алјаска.
-
Свет 12.02.2023 12:57
Стотина лица уапсени во Турција поради грабежи или измами по земјотресот
Апсења поради кражби во турските подрачја погодени од земјотресот. Бројот на загинати таму и во Сирија надмина 28.000. СЗО стравува од голема здравствена криза во двете земји.
-
Свет 12.02.2023 11:38
Спречен терористички напад пред изборот за Мис на Белгија
Спречен терористички напад пред изборот за Мис на Белгија. Уапсен е 40-годишен маж кој носел панцир и два пиштола.
Полицијата дознала за планот од порака на негов познаник.










