Продемократски митинзи низ Бразил како одговор на насилните протести на симпатизерите на екстремната десница. Бараат затворска казна за поддржувачите на екс-претседателот Болсонаро кои ги демолираа владините институции, вклучувајќи ги Врховниот суд, Конгресот, претседателската палата.
-
Свет 10.01.2023 11:43
-
Свет 10.01.2023 10:23
Земјотрес во Турција, почувствуван и во Грција
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала утрово во 10.38 часот по локално време ја погоди Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
-
Свет 10.01.2023 10:04
Евакуација поради дождови и свлечишта
Евакуација во Монтесито, Калифорнија, поради поројните дождови и свлечиштата. Блокиран е поголем дел од патната инфраструктура откако се излеаја неколку големи реки.
Калифорнија во периодов е на удар на серија жестоки бури.
-
Свет 10.01.2023 10:03
Потенцијално доверливи документи пронајдени во приватната канцеларија на Бајден
Американското Министерство за правда разгледува потенцијално доверливи документи пронајдени во поранешната канцеларија на Џозеф Бајден кога беше потпретседател на САД. Во истрагата е вклучено и Федералното истражно биро.
-
Свет 10.01.2023 10:02
Битки кај Соледар
Нови напади во регионот на Бахмут по прегрупирањето на руските сили кај Соледар. Единиците под команда на Москва на воени вежби во Калининград.
-
Свет 10.01.2023 10:00
Жртви во немирите на протестите за ослободување на поранешниот претседател Кастиљо
17 луѓе загинаа, меѓу кои има и тинејџери, во судирите на југот на Перу на протестите на кои се бараат предвремени избори и ослободување на поранешниот претседател Педро Кастиљо. Демонстрантите се обидоа да ја преземат контролата над аеродромот во градот Хулијака.
-
Свет 10.01.2023 09:59
Не сме добиле официјално барање за испорачување на Болсонаро
Десетици илјади луѓе во Бразил одржаа продемократски митинзи, како одговор на упадот на поддржувачите на поранешниот претседател на земјата, Жаир Болсонаро во Конгресот. САД тврдат дека не добиле барање за негово испорачување.
-
Свет 09.01.2023 20:00
Земјотрес од 7,7 степени ја погоди Индонезија
Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Танимбар во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од 97 километри, посочуваат од Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
-
Свет 09.01.2023 19:23
Еден загинат откако седум скијачи ги зафати лавина на француските Алпи
Една жена на возраст од околу 50 години денеска загина во лавина на француските Алпи, а најмалку седум скијачи биле однесени од лавина која паднала денеска попладне. Петмина биле затрупани, од кои четворица преживеале и биле спасени.
-
Свет 09.01.2023 18:44
Претседателот на Бразил и претседателите на Конгресот и Врховниот суд го осудија упадот во институциите
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и претседателите на Конгресот и Врховниот суд денеска го оценија како „терористички чин” упадот на приврзаниците на екстремната десница во државните институции во Бразил.
Тие во заедничка изјава наведоа дека ќе ја бранат демократијата.










