Украинските трупи успешно ја нарушиле способноста на Русија да ја снабдува својата војска долж реката Днепар, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото кралство во својот најнов разузнавачки извештај.
-
Свет 16.11.2022 10:22
-
Свет 16.11.2022 10:17
Трамп објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп синоќа информираше дека почнува со неговата трета претседателска кампања.
-
Свет 16.11.2022 10:06
Меѓународната заедница повикува на смиреност
Меѓународната заедница повикува на смиреност откако две ракети паднаа на Полска територија и усмртија две лица. Околностите на инцидентот, вклучително и кој го испукал проектилот и од каде е истрелан, остануваат нејасни.
-
Свет 15.11.2022 22:10
Русија демантира: Немаше напади врз цели во близина на украинско-полската граница
Министерството за одбрана на Русија се огласи во врска со експлозијата во село во Полска, во која загинаа двајца луѓе, а неименуван американски разузнавач во изјава за агенцијата АП, наведе дека се работи за руски ракети.
-
Свет 15.11.2022 21:47
Полскиот премиер свика итен безбедносен состанок, по инцидентот на границата со Украина
Во селото Пржеводов во источна Полска, во близина на границата со Украина, попладнево се случила експлозија предизвикана од руски ракети, објави новинската агенција „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на неименуван висок претставник на америкаското разузнавање.
-
Свет 15.11.2022 18:28
Палестинец усмрти и рани Израелци на Западниот Брег
Палестинец усмрти и рани Израелци на Западен Брег. Смртоносниот инцидент од влезот на индустриската зона во населбата Ариел се префрлил на бензиска станица каде со нож биле избодени неколкумина.
-
Свет 15.11.2022 18:11
„Српска листа“ ќе ги бојкотира вонредните локални избори во северно Косово
„Српска листа“ ќе ги бојкотира вонредните локални избори во северно Косово закажани за 18-ти декември. Приштина донесе ваква одлука откако градоначалниците поднесоа оставки поради пререгистрација на автомобилите со таблички издадени од Србија.
-
Свет 15.11.2022 17:57
Турција најавува прекугранични операции во Сирија против курдските милитанти
Турција најавува прекугранични операции во Сирија против курдските милитанти, кои Анкара ги обвини за нападот во Истанбул. Тие негираат вмешаност во терористичкиот чин, во кој имаше жртви.
Покрај главната осомничена, приведени сè уште педесетина лица.
-
Свет 15.11.2022 13:01
Зеленски со предлози за ставање крај на војната
Украинскиот претседател Зеленски во неговото виртуелно обраќање на самитот на Г-20 во Бали претстави 10 предлози на Киев за ставање крај на војната.
-
Свет 15.11.2022 12:06
Светската популација надмина осум милијарди луѓе
Светската популација надмина осум милијарди луѓе. Бебе родено во Манила, на Филипините стана осуммилијардитиот жител на Земјата. Во моментов Индија е побројна за околу 180 милиони луѓе и следната година би требало да ја надмине Кина како најнаселена земја во светот.










