Најмалку три лица загинаа по лизгање на земјиште во Ел Кастињо во Маракај. Оштетени се над 50 домови и автомобили.
Непогодата се случува по само една недела од огромното свлечиште коешто го опустоши Лас Техеријас, во кое загинаа 54 луѓе.
Најмалку три лица загинаа по лизгање на земјиште во Ел Кастињо во Маракај. Оштетени се над 50 домови и автомобили.
Непогодата се случува по само една недела од огромното свлечиште коешто го опустоши Лас Техеријас, во кое загинаа 54 луѓе.
Во Франција во тек е генерален штрајк поради зголемените трошоци за живот. Особено е погоден јавниот транспорт, а штрајкови има и во здравствената и прехранбената индустрија.
Британската премиерка Лиз Трас се извини за грешките во нејзината програма што ја нарушија довербата на инвеститорите и го намалија нејзиниот рејтинг, но изјави дека нема да се повлече.
Украина спровела уште една голема размена на затвореници со Русија. Тоа е прва целосна размена на жени од почетокот на руската инвазија.
Најмалку 13 луѓе загинаа во пад на руски борбен авион во станбена област во јужниот руски град Јејск, во близина на Украина.
Руски воен авион падна врз станбена зграда во рускиот град Јејск во близина на границата со Украина, потврди Министерство за одбрана на Русија.
Европската унија ќе воведе санкции врз Иран поради репресијата за човековите права, а неколкумина претставници на унијата предупредија на одделни, нови санкции доколку се докаже вмешаноста на Техеран во руската војна против Украина.
Шведскиот парламент го избра претседателот на конзервативците, Улф Кристерсон за нов премиер со помош на десно-популистичките шведски демократи. Конзервативната партија ќе владее заедно со социјалдемократите и либералите.
Неколку експлозии се слушнале во Киев, откако се огласиле сирените за воздушен напад. Според првичните информации биле предизвикани од беспилотни летала, камикази. Градоначалникот на Киев, Кличко изјави дека избувнал пожар во нестанбена зграда. Ги повика граѓаните да останат во засолништата.
Денеска НАТО ја започна својата годишна нуклеарна вежба. 60 авиони учествуваат во тренажни летови над Белгија, Северното Море и Велика Британија со цел да се практикува употребата на американските нуклеарни бомби распоредени во Европа.