• Свет 08.12.2022 14:19

    Путин: Ризикот од употреба на нуклеарно оружје расте, но Русија нема да го употреби прва

    „Ризикот од нуклеарна војна е зголемен, но Русија не е луда да употреби прва нуклеарно оружје“, изјави шефот на Кремљ Путин. Во својот говор на годишниот состанок на рускиот Совет за човекови права, додаде дека такво сценарио би било можно само доколку биде нападната.

  • Свет 08.12.2022 13:42

    Гласање за прием на Бугарија, Романија и Хрватска

    Австрискиот министер за внатрешни работи Карнер најави дека ќе гласа против пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната.

  • Свет 08.12.2022 12:52

    Протести поради промена на власта

    Перу за првпат има жена претседател, откако поранешниот претседател Педро Кастиљо беше соборен и уапсен само неколку часа откако се обиде да го распушти Конгресот.

  • Свет 08.12.2022 12:09

    Поплави во Лисабон, пријавени се стотици инциденти

    Состојба на тревога во Португалија. Поројните дождови во Лисабон предизвикаа поплави во кои има жртви.

    Во главниот град има и голема материјална штета. Дел од сообраќајната инфраструктура во главниот град е блокирана.

    Во цивилната заштита се пријавени стотици инциденти.

  • Свет 08.12.2022 12:08

    Зголемена поддршка за независност

    Поддршката за независност на Шкотска се зголеми за 56% две седмици откако судот на Велика Британија го попречи обидот на Владата за втор референдум за независност.

  • Свет 08.12.2022 12:08

    Путин: Зголемен ризикот од нуклеарна војна

    „Ризикот од нуклеарна војна е зголемен, но Русија не е луда да употреби прва нуклеарно оружје“, изјави шефот на Кремљ Путин. Во својот говор на Годишниот состанок на рускиот совет за човекови права, додаде дека такво сценарио би било можно само доколку биде нападната.

  • Свет 08.12.2022 10:39

    Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала регистриран во Јадранското Море

    Нов земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Јадранското Море околу седум часот утринава, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

    Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри источно од италијанскиот приморски град Римини.

  • Свет 07.12.2022 19:31

    Смртни закани за италијанската премиерката Мелони

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони се соочува со закани на интернет, каде маж, незадоволен од владиниот план да ги укине субвенциите за борба против сиромаштијата, повика на смрт за неа и нејзината шестгодишна ќерка. Полицијата го приведе мажот и му го затвори профилот наТвитер.

  • Свет 07.12.2022 18:07

    Кинеските власти ги намалија ковид-рестрикциите

    Кинеските власти ги ублажија ковид-рестрикциите кои предизвикаа масовни протести во последните неколку недели.

    Поголемиот дел од луѓето сега ќе можат да бидат во домашен карантин, а за влез во повеќето јавни објекти нема да биде потребен ПЦР тест, со исклучок на болниците и училиштата.

  • Свет 07.12.2022 18:02

    Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за гранатирањето во Запорожје

    Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за гранатирањето во Запорожје.

    Унгарија стави вето на нов пакет помош од 18 милијарди евра за Украина, од ЕУ ,поради спорот со Брисел во однос на обвинувањата дека Будимпешта не ги почитува основните демократски начела.

Pages