• Свет 12.10.2022 13:12

    Столтенберг: Евентуална употреба на нуклеарно оружје ќе има сериозни последици по Русија

    Министрите за одбрана на НАТО на состанок во Брисел, во клучно време за безбедноста на Алијансата. По најновата ескалација на нападите во Украина, и заканите со нуклеарни напади од Москва, сојузниците ќе ја зголемат будноста и мониторингот на руските нуклеарни капацитети.

  • Свет 12.10.2022 12:54

    Експлозии во неколку украински градови

    Осуммина приведени поради нападот врз Кримскиот мост. Меѓу нив се државјани на Русија, Украина и на Ерменија. Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ја обвини Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина. Објавена е и снимка од наводна подготовка на нападот.

  • Свет 12.10.2022 12:37

    Променето движењето на астероидот „Диморфос“

    Вселенското летало на НАСА „Дарт“, намерно удри во астероидот „Диморфос“ во обид да го смени правецот на неговото движење. Тестот за пренасочување беше прва пробна мисија од ваков вид.

  • Свет 12.10.2022 12:34

    Мјанмар: Уште три години затвор за поранешната лидерка Су Чи

    Поранешната лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи осудена на уште три години затвор, овој пат за корупција. Оваа е последна во низата пресуди со кои се соочи Су Чи откако беше соборена од власт на 1 февруари 2021 година.

  • Свет 12.10.2022 12:29

    Бајден најави последици за Саудиска Арабија поради нафтата

    Американскиот претседател Бајден рече дека ќе има последици за Саудиска Арабија по одлуката на земјите од нафтениот картел „Опек плус“ за намалување на производствените квоти.

  • Свет 12.10.2022 09:43

    Асанж номиниран за наградата „Сахаров“

    Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е номиниран за наградата „Сахаров“, признание што Европската унија го доделува на поединци и групи за одбрана на човековите права и слободата на мислата.

  • Свет 12.10.2022 09:31

    Бајден: Путин очигледно погрешно ја проценил Украина

    „Владимир Путин очигледно погрешно ја проценил ситуацијата во Украина, како и отпорот на кој ќе наидат руските војници“, изјави американскиот претседател, Џо Бајден.

  • Свет 12.10.2022 09:19

    Блинкен го поздрави договорот меѓу Израел и Либан

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го поздрави договорот меѓу Израел и Либан за крај на спорот околу морската граница.

  • Свет 11.10.2022 16:25

    Историски договор меѓу Израел и Либан

    Израел и Либан постигнаа историски договор за спорот за морската граница кој се однесува и на поделбата на изворите на нафта и гас во овој дел од Медитеранот.

    Според либанскиот претседател Аон, конечната понуда ги исполнува барањата, и ги штити правата за природни богатства.

  • Свет 11.10.2022 12:13

    Продолжува размената на огнот

    Повторно се огласија сирените за тревога во Украина. Нови напади во Запорожје, има жртва. Со 12 проектили е погодена цивилнатa инфраструктура, на удар се и електрани. Снабдувањето со електрична енергија е прекинато на над 300 локации.

Pages