Бугарите утре ќе излезат на четвртите избори, за помалку од две години. Претпоставките се дека зимава ги чека недостиг поради зголемената инфлација поради војната во Украина. Поради тоа многумина со нетрпение очекуваат добра влада и стабилност, по неколку години на политичките превирања.
-
Свет 01.10.2022 12:56
-
Свет 01.10.2022 10:27
Силна детонација изутрината во Загреб
Силна детонација ги разбуди станарите на зграда во населбата Трнско, во Загреб.
По интервенција на пожарникарите било утврдено дека гори на првиот кат. Едно лице загинало.
-
Свет 01.10.2022 10:24
Северна Кореја истрела балистички ракети
Северна Кореја истрела непознат тип балистичка ракета кон нејзиниот источен брег, по четврти пат за една недела и ги зголеми тензиите на корејскиот полуостров.
-
Свет 01.10.2022 10:13
Десетици загинати од ураганот Ијан во САД
Бројот на загинати од ураганот Ијан во САД се искачи на 27, откако властите на Флорида ја потврдија смртта на неколку лица кои се удавиле.
-
Свет 01.10.2022 09:55
Бајден: Ќе ја браниме територијата на НАТО
Американскиот претседател Џо Бајден порача дека „Соединетите Американски Држави се спремни да го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО“.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно, вети дека ќе ги брани анектираните украински региони со сите потребни средства.
-
Свет 30.09.2022 21:12
САД одобри 12,3 милијарди долари воена помош за Украина
Американскиот Конгрес денеска одобри помош од 12,3 милијарди долари наменети за Украина за да се бори против руската инвазија.
-
Свет 30.09.2022 19:43
Столтенберг: Нема да престане воената поддршка за Украина
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес- конференција попладнево соопшти дека нема да престане воената поддршка за Украина.
-
Свет 30.09.2022 15:23
Од денеска Русија поседува 15% од територијата на Украина
„Народот избра, ова е негово право, наведено во начелата на Обединетите нации“, порача рускиот претседател Путин по потпишувањето на указот за присоединување на четирите украински територии кон Русија.
-
Свет 30.09.2022 15:22
Од полноќ изборен молк во БИХ
Во Босна и Херцеговина на полноќ почнува изборниот молк. Вo недела се одржуваат општите избори. На листите има 127 политички субјекти, од нив 72 политички партии, 38 коалиции и 17 независни кандидати.
-
Свет 30.09.2022 14:29
ЕУ ги истражува можностите за руска вмешаност во оштетувањата на „Северен тек“
По пријавата за четвртото истекување од гасоводот „Северен тек“ во Балтичко море, не стивнуваат реакциите и обвинувањата за саботажа. НАТО предупреди дека секој намерен напад врз критичната инфраструктура на сојузниците ќе биде дочекан со обединет и решителен одговор.










