Турската полиција уапси две лица осомничени дека им помогнале на извршителите на терористичкиот напад во Истанбул да ја преминат турската граница.
-
Свет 21.11.2022 13:21
-
Свет 21.11.2022 13:02
Во Брисел средба Вучиќ-Курти, со посредство на ЕУ
Претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на итни средби во Брисел поради спорот околу регистарските таблички. Посредници во дијалогот се шефот на европската дипломатија Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак.
-
Свет 21.11.2022 11:16
Најмалку 20 мртви во силен земјотрес во Индонезија
Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја потресе провинцијата Западна Јава во Индонезија, пренесува Ројтерс.
-
Свет 21.11.2022 10:20
Се зголемува бројот на жртви во пожарот во Москва
Се зголемува бројот на загинати во пожарот во цветниот магацин во центарот на Москва.
-
Свет 21.11.2022 10:14
Шведска и Финска да ги заострат законите против тероризам, порача Столтенберг
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг очекува Шведска и Финска да ги заострат законите против тероризам, пред сè, поради Турција која, според него, била најизложена на удари од групи како што е Курдистанската работничка партија, позната како ПКК.
-
Свет 21.11.2022 10:10
Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за Запорожје
Русија и Украина со меѓусебни обвинувања за гранатирање на нуклеарната централа во Запорожје.
-
Свет 21.11.2022 09:59
Вучиќ и Курти на средба во Брисел
Претседателот на Србија, Вучиќ и косовскиот премиер Курти, на средба во Брисел поради спорот околу регистарските таблички.
-
Свет 20.11.2022 20:23
Напад во ЛГБТ клуб во Колорадо, има мртви
Загинати и повредени во престрелка во клуб на ЛГБТ заедницата во американската сојузна држава Колорадо.
Осомничениот е уапсен, а мотивот засега неутврден иако се претпоставува дека инцидентот бил предизвикан поради омраза кон ова заедница.
-
Свет 20.11.2022 18:10
Свечено отворено 22. Светско фудбалско првенство
Почна фудбалската еуфорија. Светскиот Мундијал ќе се пренесува на Македонската радио-телевизија.
Со натпреварот Катар-Еквадор во 17 часот во Доха, Катар, почна 22. Светско фудбалско првенство – прво што се игра на есен. Секој од граѓаните со свој фаворит.
-
Свет 20.11.2022 13:00
Фонд за загуби и штети од климатските промени
Историски договор на Конференцијата за клима позната како „КОП27“. Ќе се финансираат најсиромашните земји кои се сметаат за најизложени на последиците од климатските промени. Предвидено е и формирање на фонд за санирање на загубите и штетите.










