Американската потпретседателка Камала Харис на азиска турнеја. Целта е да добие поддршка од регионалните сојузници во период на воен напредок на Северна Кореја и Кина.
-
Свет 28.09.2022 14:04
-
Свет 28.09.2022 12:29
Фудбалски натпревар заврши трагично во средно училиште во Филаделфија
Фудбалски натпревар заврши трагично во средно училиште во северозападна Филаделфија. 14-годишно момче е убиено, а четворица други ученици се ранети во судирот меѓу ученици од три училишта кога најмалку две лица отвориле оган.
-
Свет 28.09.2022 12:26
Ураганот Ијан достигна трета категорија, на Флорида вонредна состојба
Ураганот Ијан достигна трета категорија со ветер со брзина до 200 километри на час. На Флорида е прогласена вонредна состојба. Евакуирани се над два милиона луѓе. Прв на удар е градот Тампа.
-
Свет 28.09.2022 12:18
Во Тајланд предупредувања за изобилни дождови и поплави
Тајландските власти издадоа предупредувања за изобилни дождови и поплави предизвикани од тропската бура Нору, која се очекува утре да стигне до североисточниот дел на Тајланд.
-
Свет 28.09.2022 12:11
Демонстрации пред иранската амбасада во Аргентина
Феминистичкото движење во Аргентина се приклучи на меѓународното негодување за смртта на 22 годишната Махса Амини, девојка од Иран која почина во притвор откако беше приведена од полицијата за морал. Демонстрациите се одржаа пред иранската амбасада во Аргентина.
-
Свет 28.09.2022 12:04
Пет земји-членки на НАТО почнаа воени вежби во Унгарија
Повеќе од 1.200 војници од пет земји-членки на НАТО со употреба на тенкови, хаубици и борбени хеликоптери почнаа воени вежби во близина на Будимпешта, што ќе траат до крајот на септември.
-
Свет 28.09.2022 11:09
Мелони: Украина може да смета на поддршка новата италијанска влада
Џорџа Мелони преку Твитер вети целосна поддршка за Украина од новата италијанска влада.
„Знаете дека можете да сметате на нашата лојална поддршка за каузата за слободата на украинскиот народ. Останете силни и одржувајте ја својата вера цврста“, напиша Мелони на Твитер.
-
Свет 28.09.2022 10:44
Можна саботажа поврзана со истекување на гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море
Шведската полиција соопшти дека покренала прелиминарна истрага за можна саботажа поврзана со истекување на гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море, откако сеизмолозите од Шведска и Данска соопштија дека забележале силни експлозии во областите во близина каде што биле пронајдени докази за исте
-
Свет 28.09.2022 09:29
Зеленски: Референдумите на Кремљ се фарса
Проруските власти прогласија победа на референдумот за спојување со Русија. Гласањето за анексија, велат, го дало очекуваниот резултат.
-
Свет 28.09.2022 08:53
Први жртви од ураганот Иан, се движи кон Флорида
Најмалку две лица загинаа, а цела Куба остана без струја откако ураганот Иан удри во западниот брег на островот. Поројните дождови и силниот ветер оштети многу објекти низ земјата.










