• Свет 16.08.2022 09:59

    Адвокатите на Асанж ја тужат ЦИА

    Американските адвокати на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж ја тужат ЦИА и нејзиниот поранешен дикректор Мајк Помпео. Ги обвинуваат за снимање на нивните разговори и копирање на содржината од мобилните телефони и компјутери.

  • Свет 16.08.2022 09:55

    Пекинг санкционира седуммина тајвански функционери

    Кина санкционира седуммина тајвански функционери поради поддршка на независноста на Тајван. Пекинг најави и интензивирање на воените вежби по посетата на петмина американски законодавци на островот, која според Кина, значи повторно  непочитување на нејзиниот суверенитет.

  • Свет 16.08.2022 09:36

    ОН негираат дека ја одложуваат нуклеарната посета на Украина

    Русија ги обвинува украинските трупи за масовно гранатирање на подрачјето на нуклеарната централа во Запорожје. Москва изрази подготвеност да преземе сè што е потребно за да биде реализирана посетата на експертскиот тим од Меѓународната агенција за атомска енергија.

  • Свет 15.08.2022 18:32

    Поплави во Анкара

    Обилните дождови денеска предизвикаа големи поплави во главниот град на Турција, Анкара. Дождот проследен со ветер предизвика материјална штета, корнејќи покриви од згради и дрвја.

  • Свет 15.08.2022 13:07

    Талибанците ја слават првата годишнина од враќањето на власт

    Загрозени женски права, екстремна сиромаштија, влошена хуманитарна криза – дел од резултатите кои ги испорачаа Талибанците во последните 12 месеци од своето владеење со Авганистан.

  • Свет 15.08.2022 12:20

    Децата на линијата на фронтот

    Анастасија Александрова веќе не ги забележува заглушувачките удари на артилериските гранати што паѓаат постојано околу домот на 12-годишното девојче коешто живее со нејзината баба и дедо во Славјанск, источна Украина.

  • Свет 15.08.2022 10:59

    Путин прати писмо до Ким, ќе се прошируваат билатералните односи

    По повод Денот на ослободувањето на Северна Кореја, рускиот претседател Владимир Путин прати писмо до Ким Јонг-ун.

    Во него е наведено дека двете земји ќе ги прошират билатералните односи, што според Путин, би било во интерес и на Москва и Пјонгјанг.

  • Свет 15.08.2022 10:08

    Властите во Запорожје предлагаат режим на тишина околу нукеарката

    Членот на главниот совет на администрацијата на регионот Запорожје, Владимир Рогов, бара прогласување на т.н. „режим на тишина“ околу нуклеарната централа Запорожје, која, како што тврди, постојано е на удар на украинската армија.

  • Свет 15.08.2022 09:55

    Талибанците ја слават првата годишнина од враќањето на власт

    „Талибанците не успеаја да воспостават инклузивен политички систем“, обвини Европската унија во пресрет на првата годишнина од владеењето на тврдокорното исламистичко движење.

    Исламските фундаменталисти без борба го зазедоа главниот град Кабул по офанзивата против владините трупи.

  • Свет 15.08.2022 09:44

    Возачот на српскиот автобус кој се преврте во Бугарија е приведен

    Приведен е возачот на српскиот автобус кој се преврте во Бугарија. Првичните информации укажуваат на грешка на возачот или техничка неисправност на автобусот.

Pages