• Свет 12.08.2022 11:26

    За прв пат Стокхолм екстрадираше маж во Турција

    Шведска вчера за прв пат екстрадираше маж во Турција со која води спор поради барањето за членство во НАТО.

    Обвинетиот ги негира наводите за измама, нагласувајќи дека е погрешно осуден зашто од Ислам преминал во Христијанство, одбил да служи воен рок и имал курдско потекло.

  • Свет 12.08.2022 10:35

    МААЕ бара итен прекин на воените активноти во Запорожје

    Ситуацијата во украинската нуклеарна централа влегува во „сериозен момент“. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) бара итен прекин на сите воени активности околу нуклеарната централа во Запорожје.

  • Свет 12.08.2022 10:04

    „Вашингтон пост“: ФБИ кај Трамп барале документи за нуклеарно оружје

    „Вашингтон пост“ објави дека агентите на ФБИ барале документи за нуклеарно оружје во резиденцијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида.

  • Свет 12.08.2022 09:55

    Шпанија: Рекордно високи температури предизвикаа суша и пожари

    Шумски пожари беснеат во делови од Шпанија. Во јули беа регистрирани рекордно високи температури во последните шест децении.

    Жештините предизвикаа и суша која уништи големи земјоделски површини.

  • Свет 11.08.2022 18:01

    Заложничка драма во банка во Бејрут

    Либанец со пушка и канистер со бензин држи неколкумина вработени како заложници и бара итна исплата на 200.000 долари од сметка која е замрзната поради воведените ограничувања за економската криза.

    Се закани дека ќе се самозапали и испукал неколку предупредувачки истрели.

  • Свет 11.08.2022 14:18

    Трамп: Против мене се води „лов на вештерки“

    Поранешниот американски претседател Трамп одби да даде одговор на прашањата во рамките на цивилната истрага на државата Њујорк за затајување данок. Се повика на петтиот амандман од американскиот Устав, кој ги заштитува луѓето од принуда да сведочат против себе во криминален случај.

  • Свет 11.08.2022 13:17

    Донаторска конференција за поддршка на Украина

    Претседателот Зеленски повика на отпор во окупираните територии и побара дополнително оружје за Киев.

  • Свет 11.08.2022 12:19

    САД: Не ѝ дозволуваме на Кина нова нормала на Тајван

    Американската претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, изјави дека САД не можат да дозволат Кина да го нормализира новото ниво на притисок врз Тајван што го потврди со неколкудневните воени вежби по нејзината посета на островот.

  • Свет 11.08.2022 10:22

    Ким Јонг Ун прогласи победа против Ковид-19

    Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун прогласи победа во борбата против коронавирусот- три месеци откако соопштија за првиот случај на заболено лице.

    Укинати се сите вонредни мерки, но земјата и натаму останува будна и ќе ги следи пограничните области- пренесува државната агенција.

  • Свет 11.08.2022 10:08

    Зеленски: Колку помоќно оружје, толку побрз крај

    Претседателот Зеленски повика на отпор во окупираните територии и побара дополнително оружје за Киев, верува оти должината на конфликтот во неговата земја ќе зависи од износот на дополнителната поддршка што ќе ја добие од другите нации.

Pages