Норвешка, еден од најголемите извозници на електрична енергија во Европа најавува ограничување на извозот на струја поради енергетската криза и ниското ниво на водни ресурси на југот од земјата.
-
Свет 11.08.2022 09:47
-
Свет 10.08.2022 14:31
Кина- Тајван: „Бела книга“ за обединување, употребата на сила не е исклучена
Кина објави Бела книга насловена како „Тајванското прашање и повторно обединување во нова ера“. Со документот, официјален Пекинг повтори дека островот се смета за територијален дел на Кина.
-
Свет 10.08.2022 12:37
Зеленски: Војната нема да заврши без целосно ослободување на Крим
Иако Киев демантира дека серијата експлозии на Крим се дело на украинските сили, претседателот Зеленски го искористи моментот да потенцира дека полуостровот мора повторно да се врати во рацете на Украина. Војната нема да заврши без целосно ослободување на Крим, рече Зеленски во видео-обраќање.
-
Свет 10.08.2022 12:28
Кина: Нулта толеранција за „сепаратистички активности“ на Тајван
Кина најави нулта толеранција за „сепаратистички активности“ на Тајван.
-
Свет 10.08.2022 10:05
Бајден ги потпиша документите за членство на Шведска и Финска во НАТО
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша документи за ратификација со кои се одобруваат кандидатурите на Финска и на Шведска за влез во НАТО.
-
Свет 10.08.2022 09:23
Жестоки борби на фронтот во Донецк, Русија со серија напади за да ја прошири контролата
Жестоки борби се водат на фронтот во источниот регион Донецк во Украина, додека руските трупи почнале серија напади во обид да ја прошират својата контрола врз Донбас, сооптшува Киев. Додаваат дека украинските војници даваат жесток отпор и во голема мера ја држат линијата.
-
Свет 09.08.2022 13:17
Повредени Палестинци во израелска рација
Палестинци повредени во рација на израелската војска во градот Наблус. Операцијата е спроведена во рамките на потрагата по шефот на групата „Бригада на мачениците на Ал Акса“ која е воено крило на Фатах.
-
Свет 09.08.2022 12:21
Тајпеј: Кина се подготвува за инвазија на Тајванскиот остров
Кинеските воени вежби околу Тајван се подготовка за инвазија – тврди Тајпеј. Маневрите се одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Пелоси на островот.
Пекинг воведе трговски ограничувања на Тајпеј и ја прекина соработката со САД во повеќе области.
-
Свет 09.08.2022 09:57
Нагасаки ја одбележува 77- годишнина од атомската бомба
Јапонскиот град Нагасаки ја одбележува 77-та годишнина од атомската бомба која беше фрлена во Втората светска војна. Покрај државниот врв, на церемонијата присуствуваа и лица кои успеале да го преживеат најкатастрофалното бомбардирање во историјата на земјата.
-
Свет 09.08.2022 09:45
Бионтек и Фајзер во октомври ќе испорачаат вакцина за Омикрон
Германската биотехнолошка компанија „Бионтек“ планира во октомври да испорача вакцини приспособени за варијантата омикрон.
Производството на овие дози коишто се наменети за борба против подвидовите на овој сој е во соработка со американскиот партнер „Фајзер“.








