• Свет 28.06.2022 10:10

    Франција и Австрија веројатно ќе ги вратат маските

    Француските власти препорачуваат враќање на маските поради зголемениот број заболени со Ковид-19. Мерката се однесува на местата со метеж, вклучувајќи го и јавниот превоз, продавниците и работните места. Во Австрија мнозинството граѓани инсистираат на ваков чекор.

  • Свет 28.06.2022 10:07

    Експлодира резервоар со отровен гас во Јордан, има жртви

    Хаварија во Јордан, експлодираше резервоар со отровен гас при пад од кран на пристаништето Акаба. Десетмина загинаа, а над 250 луѓе се повредени. Надлежните ги повикаа граѓаните да останат во затворен простор. Најблиската станбена зона е оддалечена 25 километри од местото на несреќата.

  • Свет 28.06.2022 10:05

    Тексас: Во камион пронајдени тела на мигранти

    Тела на 46 мигранти се пронајдени во приколка на камион во Сан Антонио, Тексас. Ова се смета за еден од најсмртоносните инциденти во трговија со луѓе на границата со Мексико. Поради топлотен удар и исцрпеност беа хоспитализирани 16 луѓе, вклучувајќи и малолетни лица. Полицијата приведе тројца.

  • Свет 27.06.2022 17:57

    Нов стратегиски концепт на НАТО

    Русија е директната закана за сојузниците, за првпат во Мадрид на самитот на НАТО ќе се разговара и за Кина, за заканите за безбедноста, интересите и вредностите.

  • Свет 27.06.2022 14:59

    НАСА лансираше ракета од Австралија

    НАСА лансираше ракета од Австралија, првата комерцијална во историјата на континентот, но и прва којашто агенцијата ја истрелала од база вон територијата на САД Ракетата, која ќе патува 300 километри, носи опрема за набљудување на соѕвездието „алфа-кентаур“, а проучувањ

  • Свет 27.06.2022 14:54

    Норвешка: Откриен идентитетот на осомничениот за нападот во барот во Осло

    Норвешкиот суд го откри идентитетот на осомничениот за нападот во барот во Осло.

    42-годишниот Занијар Матапур со потекло од Иран бил радикален исламист со историја на ментални болести.

    Пред парадата на гордоста тој усмрти две, а рани 21 лице во бар.

     

  • Свет 27.06.2022 10:01

    Продолжува битката за Донбас, напад и врз Киев

    Размена на ракетни напади меѓу Русија и Украина, продолжува битката за Донбас. Во Киев погодена станбена зграда. Има загинати и повредени. Жртви и во Черкаси. Преку реката Дњепар урнат мост. Проруските сили во Луганск тврдат дека евакуирале цивили од фабриката „Азот“ во Северодоњецк.

  • Свет 27.06.2022 09:51

    Иран повторно го тестираше сателитскиот лансер „Зулџана“

    По втор пат, Иран ја тестираше сопствената ракета - сателитскиот лансер „Зулџана“.

    Според државните медиуми, пробата била извршена за истражувачки цели.

  • Свет 27.06.2022 09:45

    САД : Три жртви во судир меѓу воз и автомобил

    Три лица загинаа во судир меѓу воз и автомобил во северна Калифорнија. Несреќата се случила во Брентвуд, југоисточно од Сан Франциско. Во судирот има и тројца повредени.

    Возот на „Амтрак“ во моментот певезувал 80 патници. Полицијата води истрага за случајот.

     

     

  • Свет 27.06.2022 09:37

    Колумбија: Шест жртви при уривање на трибина за борба со бикови

    Шест лица загинале, а уште 150 други се повредени откако се урна трибина на импровизирана арена за борба со бикови во градот Еспинал, Колумбија.

Pages