Вонредна ситуација во Џорџија поради поплави во северозападните делови. Најкритично е во Чатануга и Флојд. Поројните дождови предизвикале раст на нивото на реките, поради што се поплавени патишта и урбани средини.
-
Свет 05.09.2022 09:54
-
Свет 05.09.2022 09:53
Зеленски: Напредуваме на јужниот и источниот фронт
194 дена од руско-украинската војна. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека неговите сили зазеле две населби на југот, трета населба на истокот и уште една територија на истокот на земјата. Бара нов пакет санкции против Русија која ја обвини за енергетска војна.
-
Свет 05.09.2022 09:52
Осуммина загинати при искачување на вулкан на Камчатка
Осум лица загинаа при искачување на вулкан на Камчатка. Групата тргнала во вторникот, а во саботата кога алпинистите пристигнале на височина од околу 4.200 метри, при пад во провалија настрадале неколку члена.
-
Свет 05.09.2022 09:51
Жртви во напад со нож, полицијата трага по двајца осомничени
Канадската полиција е во потрага по две лица, осомничени дека со нож усмртиле десетмина, а раниле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван. Нападите биле извршени на повеќе локации. Полицијата води истрага на 13 места каде биле пронајдени мртви или повредени лица.
-
Свет 05.09.2022 08:40
Силен земјотрес ја погоди Кина
Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Лудинг во југозападната кинеска провинција Сечуан.
Епицентарот бил во градот Лудинг на длабочина од 16 километри, на околу 180 километри југозападно од Ченгду, соопшти центарот.
-
Свет 04.09.2022 16:08
Германија: Пакет помош за граѓаните од над 65 милијарди евра
Германската влада ќе ги користи приходите од даноците за да им помогне на потрошувачите да се справат со зголемените трошоци за енергија. Канцеларот Олаф Шолц изјави дека владата подготвила пакет за економска поддршка од 65 милијарди евра.
-
Свет 04.09.2022 10:07
Зеленски: Русија сака да го уништи нормалниот живот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека води енергетска војна. Повика на повеќе единство во Европа.
-
Свет 03.09.2022 17:31
Суспендирана испораката на гас преку „Северен тек“
Русија на неодредено време го прекинува протокот на гас преку гасоводот „Северен тек 1“, кој ја снабдува Европа со руски гас под Балтичкото Море.
-
Свет 03.09.2022 09:09
Нов обид на НАСА ракетата „Артемис-1“ да ја испрати кон Месечината
Доколку се обезбедат поволни временски услови и откако ги отстрани техничките проблеми, американската вселенска агенција НАСА во следните неколку часа ќе се обиде уште еднаш да ја лансира на Месечината својата досега најмоќна ракета „Артемис-1“.
-
Свет 03.09.2022 08:49
Без државни почести и високи гости денеска ќе биде погребан Михаил Горбачов
Михаил Горбачов, последниот советски лидер и миленик на Западот кој доживеа пропаст на сите реформи што ги почна во својата татковина, денеска ќе биде погребан без државни почести и без присуство на рускиот претседател Владимир Путин и западните лидери.










